Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Ако партнерот или партнерката ретко или веќе никогаш нема раположение за секс, тоа влијае на врската и односот меѓу вас.

Доколку со раговор не можете да дознаете кои се причините, погледнете ги околностите и претходното однесување на двајцата. Ова се најчестите причини за намалено либидо кај жените и кај мажите.

Финансиски проблеми

Со оглед на тоа дека проблемите со пари се една од најчестите причини за раскинување на врска и развод, не изненадува фактот дека финансиските грижи може да предизвикаат несогласувања и кај најхармоничните партнери. Нерешените финансиски стрес фактори во врската може да предизвикаат негативни чувства кон партнерот, страв и вознемиреност, нарушена доверба, симптоми на депресија и губење на сексуалниот нагон.

Недостаток на внимание

Во денешно време речиси е невозможно да седнете да гледате филм дома или да излезете на вечера без најмалку еден од вас да гледа во телефонот на секои пет минути. Ако вие сте партнерот кој тоа почесто го прави, помислете дали му посветувате повеќе време на телефонот или на саканата личност. Не го земајте другиот здраво за готово. Оставете ги сите гаџети во друга соба и посветете се еден на друг.

Недоволна физичка спремност и несигурност во сопствениот изглед

Ако партнерот или партнерката качиле некој килограм или немаат кондиција како некогаш, тоа може значително да влијае врз самодовербата и желбата за секс. Ако правите шега на нивна сметка на овие теми, тие не го доживуваат тоа како мотивација за подобрување на состојбата, туку само се вовлекуваат подлабоко во себе. Бидете полни со поддршка и ставете им до знаење дека ги сакате за тоа што го имаат во срцето и главата, а не поради начинот на кој изгледаат. Сепак, на убав начин укажете им дека за нивно добро треба да почнат да вежбаат.

Не им се допаѓа тој тип на секс

Понекогаш луѓето сфаќаат, дури и по одредено време во врска со истата личност, дека веќе не ги возбудува „вообичаениот“ секс, туку имаат потреба од поинаква сексуална возбуда. Проблемот се јавува кога не можат тоа да им го кажат на партнерите со кои претходно имале  „обичен“ секс, па целосно ја повлекуваат интимата од врската.

Во секој од овие случаи најмногу ќе помогне искрен разговор и споделување на проблемот за да може заеднички да одлучите дали има решение и колку тоа ќе влијае врз вашата врска.

реклама

Љубов и секс

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Read more

Африкански остров ја носи титулата најдобра дестинација за меден месец

Read more

Семеен советник споделува четири однесувања кои ги откриваат нарцисите

Read more

Кога жените созреваат емотивно, а кога мажите? Разликата е дури 11 години

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе