Зошто никогаш не треба да држите диети?

А.С.
/ 18.01.2021 / 16:13

Има многу видови диети и режими на исхрана во форма на правила кои забрануваат одреден вид храна без вистински медицински и етички причини.

Диета всушност значи „начин на исхрана“, а кај нас терминот се користи најчесто за строги режими на исхрана што ветуваат брзо губење на килограмите во замена за опасни рестрикции и лишување од разни категории на прехранбени производи. Понатаму во текстот, зборот „диета“ ќе го користиме за „строг режим на исхрана“.

Ако чувствувате вина за начинот на кој се храните, тоа може да биде затоа што сте под влијание на искривените идеали за убавина, здравје и физички изглед.

Има три причини зошто никогаш не треба да држите строга диета, гледано од психолошка гледна точка.

Диетата не помага за долгорочно одржување на изгубените килограми

Идејата дека луѓето не успеваат во диетите поради недостаток на ментална сила мит кој го одржува оваа индустрија. Кога сте на диета, храната ви е попривлечна, а тука е и проблемот со забавување на метаболизмот бидејќи телото наоѓа начин да функционира со помалку калории, па затоа во организмот се складираат повеќе остатоци, пишува Psychology Today.

Затоа не изненадува што студиите покажуваат дека 95 проценти од луѓето не успеваат во одржување на диетите на долг рок. Дури и ако сте меѓу оние пет проценти кои можат да ја одржат посакуваната тежина на долг рок, размислете од што се откажувате за да ја постигнете. Излегување на вечера, почестување со парче чоколадна торта и посветување на други интереси освен опсесивно броење калории се само дел од тоа.

Слабеењето нема да ве направи посреќни

Диетите немаат функција ако вашата цел е да ја одржувате целната телесна тежина на долг рок по слабеењето. Во секој случај, има проблем со самата идеја за губење на тежината како цел, бидејќи врзувањето на среќата за нешто што доаѓа однадвор е рецепт за незадоволство. Луѓето сакаат да бидат слаби поради значењето што го придаваат на тоа да се биде слаб, затоа што сакаат да се фокусираат на нешто опипливо, за кое лажно веруваат дека можат да го контролираат.

Наместо тоа, психолозите советуваат да си го прифатите телото какво што е без опсесивно броење калории, содржина на масти и читање книги за диети, што веројатно одзема многу време што би можеле да го користите за поважни работи.

Слабеењето нема да ве направи поздрави

Можеби се сметате за дебела личност, но здрава. Може да бидете слаби, но не и здрави. Тежината не е добар показател за проценка на целокупното здравје. Повеќето здравствени индикатори можат да се подобрат со промена на исхраната и прехранбените навики, без оглед на тежината. Секако, рестриктивните забрани во исхраната и слабеењето не се одговорот на она што го бараме.

Слабеењето не е главниот ангажман во вашиот живот, а броењето калории не е повикот на вашата душа. Сигурно има нешто многу подобро во животот, многу поголемо, отколку да изгубите 10 килограми или да броите калории.

реклама

Гејтс се вакцинираше, но и понатаму носи маска – сака да биде пример

Read more

Хит - електричен автомобил кој чини 4.500 долари

Read more

Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?

Read more

Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае

Read more

Фит

Зошто е толку популарна нордиската диета?

Read more

5 маички за мотивација и активен животен стил

Read more

Сакате да ослабете? Придржувајте се до овие правила

Read more

6-минутни лесни вежби за истегнување на телото

Read more
 

Магазин

Гејтс се вакцинираше, но и понатаму носи маска – сака да биде пример

Читај повеќе

Рецепт на денот: Шницли во сос со сенф

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

Идеја за појадок: Печена овесна каша

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Digidog им го чува грбот на полицајците во Њујорк

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа животот во Јакутија на -50 степени Целзиусови?

Читај повеќе

Намирници кои ќе ви дадат повеќе енергија од кафето

Читај повеќе
  • play_arrow

Сега ќе ви покажам како се става маскара на правилен начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако имате бескрајно многу пари засекогаш?

Читај повеќе