Зошто никој не го сака Крис Пол?

Четири пати беше лидер во асистенции во НБА лигата, дури шест пати водеше во освоени топки, девет пати беше биран за Олстар натпреварот и општо се смета за најдобар чист плејмејкер, генерал на паркетот во овој милениум, а можеби и во историјата.

Сепак, никој не го сака Крис Пол.

И тоа нема врска со неговите квалитети како играч, иако изминатава сезона беше видливо дека почнува да го чувствува притисокот на годините. Покрај неговата возраст од 34 години, причината зошто не е привлечен за НБА клубовите се неговиот „солен“ договор и незгодниот карактер.

Пол најверојатно ќе ја почне неговата 15-та НБА сезона во Оклахома Сити Тандер, иако тоа не беше првичниот план ни за него, ни за клубот.

Како што објавија американските медиуми, клубот не е во можност да најде начин за размена на Пол, иако првично беше планирано тој да биде разменет веднаш по потпишувањето на договорот.

Крис Пол беше трејдуван во Оклахома од Хјустон за Расел Вестбрук. Покрај тоа, Оклахома доби право да избере во првиот круг на Драфтот во 2024 и 2026 година, како и изборот на Драфтот во 2021 и 2025 година.

Минатото лето тој со Хјустон го потпиша еден од најголемите договори во НБА историјата, според кој за четири години требаше да му донесе 159 милиони долари, како и зголемување на платата секоја година. Тоа значи дека во последната година од договроот, кога ќе има 36 години, ќе заработува дури 44 милиони, што ќе биде значително несразмерно во однос на неговите можности што веќе се во опаѓање.

Не му помага ни тоа што со години го следи репутацијата на тежок соиграч, тема што на широко ја дискутираа гостите во студиото на ESPN, Џејлен Роуз и Кендрик Перкинс:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе