Зошто ниту една земја нема виолетова боја на своето знаме?

Виолетова боја никогаш не претставувала кралство, империја или држава. Па што не е во ред со виолетовата боја, која денес е многу популарна? И, зошто ниту едно државно знаме нема виолетова боја?

Одговорот е едноставен - виолетовата боја била прескапа до почетокот на 19 век. Токму затоа честопати била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и британската кралица Елизабета Прва им забранила на сите, освен блиските членови на кралското семејство, да ја носат оваа боја.

Виолетовата боја била многу ценета затоа што била ретка. Оригиналната виолетова боја се добивала од мал морски полжав што може да се најде само во областа на денешен Либан.

 

И не само што било тешко да се добие бојата, туку биле потребни околу 10.000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Од таа причина, само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат да го обојат нивното знаме со виолетова боја.

URL

Исто така, виолетовата боја честопати претставувала духовност и светост затоа што древните владетели кои ја носеле се сметале за богови или божји гласници на земјата.

Сепак, понекогаш оваа боја била скапа дури и за најбогатите. Римскиот владетел Аурелијан, кој владеел во 3 век, не ѝ дозволувал на сопругата да купува шалови и наметки обоени во виолетова боја, бидејќи тоа задоволство го чинело трипати повеќе од неговата тежина во злато.

Според некои проценки, 350 грама виолетова боја чинеле дури три купишта злато, што денес би изнесувало приближно 56.000 американски долари. Дури и најбогатите земји не можеле да си дозволат да ја имаат оваа боја на нивното знаме.

Достапноста на виолетовата боја започнала околу 1856 година, кога англискиот хемичар Вилијам Хенри Перкин случајно направил синтетичка виолетова боја, обидувајќи се да направи лек против маларија.

Од тој момент започнало масовно производство на виолетови ткаенини, па и оние со кралска крв веќе не ја ценеле бојата како некогаш.

URL
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе