Зошто ниту една жена не е номинирана за Најдобар артист на БРИТ наградите годинава?

Номинациите за овогодишните Британски музички награди (BRIT Awards) предизвикаа лавина коментари на интернет, откако ниту една жена не беше номинирана во категоријата „Најдобар артист“. Во трката за тоа признание се Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс.

БРИТ наградите одлучија да ги укинат родовите категории од 2021 година, заради поголема „инклузивност“, што беше поттикнато и иницирано од пејачите Сем Смит, Вил Јанг и неколкумина други. Сем Смит, кој се изјасни како небинарен во 2019 година, таа година автоматски беше исклучен од категоријата за најдобар машки артист, и покрај тоа што беше успешен артист кој, според многумина, заслужи да биде во трката за главната награда.

И, иако Адел беше почестена со првата родово неутрална награда лани, многу корисници на интернет-просторот сега ги повикуваат организаторите да размислат за додавање уметнички како Чарли Екс-си-екс и рок-составот „Флоренс енд д машин“ на листата номинирани.

URL

Претставничка на организаторите на БРИТ наградите одговори со објаснување дека минатава година имало нешто помалку жени на врвот на музичката индустрија кои објавиле нови албуми. Имено, за да бидат во трка за наградите, изведувачите мора да имаат најмалку еден албум или два топ 20 синглови објавени меѓу 10 декември 2021 и 9 декември 2022 година.

И во категоријата за албум на годината, иако има повеќе жени како нови изведувачки, четворица од петте номинирани се мажи.

Организаторите, наводно, имаат намера да ја преиспитаат одлуката за родово неутрални награди по годинашната свеченост на доделувањето на признанијата на 11 февруари. 

Целосната листа на номинации може да ја погледнете ТУКА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Музика

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе