Зошто остануваме во токсични врски: Ракот е лојален, Јарецот не губи надеж

Хороскопот може да ви помогне да разберете зошто останувате во нездрава врска со партнерот.

Еве кои се причините зошто секој знак од Зодијакот останува во токсична врска, иако потсвесно знае дека ѝ се гледа крајот.

Овните се плашат од загуба

Кога станува збор за емотивните врски, Овенот сака да го брка пленот. Само кога ќе најдат некој навистина посебен, тие имаат тенденција целосно да се посветат на градењето на таа врска и сакаат сè да функционира како што треба.

Исто така, Овните секогаш сакаат да бидат во право, дури и кога знаат дека можеби не се во право и затоа им е тешко да признаат дека нивната врска е завршена или веќе пропаднала. Тешко се откажуваат од врската поради нивната тврдоглавост, не им е лесно да се помират со фактот дека нивната врска повеќе не е она што беше.

Бикот не сака промени

Промената е најлошата работа за Бикот. Некои хороскопски знаци со голема самодоверба одат во непознатото, но Бикот не е таков тип. Тој сака да знае што го чека од другата страна. Тој сака да знае сè однапред. Истото важи и за неговиот личен, професионален и љубовен живот. Така, Биковите нема да дадат отказ ако немаат друга деловна опција, нема да раскинат со некого додека не направат план за животот по раскинувањето.

Биковите остануваат во токсични врски бидејќи се плашат од промени. Тој повеќе би сакал да остане во тажна врска отколку да ја прекине и да се соочи со нешто непознато. Иако врска ѝ дошол крајот, за нив сè ќе биде исто додека не се подготвени да си признаат дека е време да ја наречат со вистинското име и да ја дефинираат онаква каква што навистина е.

Близнаците сакаат поврзаност

Близнаците многу ја ценат својата слобода, дури и во сериозни врски. Тие се цврсто поврзани со оние за кои навистина се грижат. Тие се среќни се додека нивната врска не се заснова на секојдневна рутина. Кога нивната врска ќе стане монотона, тие сакаат да излезат од неа.

Тешко им е да прифатат дека љубовната врска со партнерот повеќе не е забавна и возбудлива како порано и нема да можат едноставно да го „пуштат“ партнерот.

Ракот е лојален

Ракот е чувствителен. Раковите имаат емоционални потреби кои мора да се задоволат. Затоа, тие внимателно го избираат љубовниот партнер. Свесни се дека не е лесно да се најде некој кој ќе направи да се чувствуваат ценети и сакани, што им отежнува да го замислат животот без партнер, без разлика во каква врска на крајот се претвориле.

Иако можеби се чувствуваат повредени во таа врска, тие остануваат во неа, бидејќи не сакаат таа врска да има несреќен крај.

Лавот знае да сака длабоко

Лавовите сакаат да бидат во врска бидејќи имаат големо срце и многу љубов да дадат. Тие мудро ги избираат своите љубовни партнери. Сакаат да знаат дека тоа е личноста со која ќе можат да го споделат животот и која ќе им пружи онолку љубов колку што ќе ѝ дадат.

Тие немаат проблем да се грижат за себе кога се чувствуваат повредени, но оставањето на партнерот им е малку потешко. Лавот ќе остане со партнерот, иако не е среќен во таа врска.

Девицата не сака да носи избрзани одлуки

Девицата не е тип на личност која донесува брзи и ненадејни одлуки, особено кога станува збор за љубовта. Но, често може да ја третира емотивната врска како да е деловна, ако така се чувствува побезбедно. Доколку забележи дека на врската ѝ дошол крајот, Девицата може да започне деловен начин на комуникација со цел да ја спаси врската.

Не сакаат неуспеси и затоа се случува да останат во токсична врска. Кога нешто тргне наопаку, Девицата е таа која се обидува да ги спаси работите и да ги врати на вистинскиот пат. Девицата ќе се обиде да ги поправи работите, дури и ако е подобро да ја прекине врската.

Вагите сакаат романса како во бајка

Една од главните цели во животот на Вагата е да најде љубов од бајка. Ако Вагите не се во врска со некој кој ги прави комплетни, сакани и посебни, тогаш животот не им е целосен. Запознавањето со нив е секогаш возбудливо, но кога врската ќе влезе во рутина, помала е веројатноста да станат и да заминат, дури и ако работите се влошат. Вагите можат да претрпат емоционална повреда затоа што се чувствуваат удобно покрај партнерот и не им е во природа да се караат или да се спротивставуваат.

Остануваат затоа што уште се надеваат дека ќе ја најдат среќата на крајот од бајката. Вагите се свесни дека врските имаат подеми и падови и остануваат со надежта дека се е само минлив момент и дека повторно се ќе се подобри доколку останат во врска.

Скорпијата верува во посветеност

На Скорпиите им е тешко да ги изразат своите чувства. Кога ќе најдат некој кој им дава чувство на сигурност и љубов, тие сакаат да се држат за таа личност и тогаш не можат да го замислат животот без неа. Скорпијата можеби е во врска, иако е повредена затоа што мисли дека нема да најде некој како таа личност. Потребно ѝ е долго време да се отвори и да остави некоја личност да живее, а раскинувањето на таа врска би значело дека треба повторно да го заклучи своето срце. Исто така, овој знак на Зодијакот може да биде многу посесивен, а да го пушти партнерот да си оди значи дека ќе го има некој друг, а таа не е личност која така лесно ги напушта работите.

Стрелецот далечината го тера да заборави на лошите моменти

Само затоа што Стрелецот сака да има слобода во врската, тоа не значи дека нема срце полно со љубов и наклонетост. Стрелецот останува во врска и кога е емотивно повреден, бидејќи заминувањето значи дека постојано ќе размислува за партнерот. Стрелецот се доведува до точка кога неговиот ум ја менува вистината за тоа каква била всушност врската и оди до крај дури и да се убеди себеси дека врската е подобра отколку што навистина е.

Јарецот не губи надеж

Само затоа што се паметни, не значи дека не ги прават истите грешки како и сите други. Кога Јарецот ќе најде некој кој се восхитува на неговата мотивација и одлучност да успее, како и неговиот став кон животот и успехот, тој цврсто ќе ја зграпчи таквата личност. Убаво му е да знае дека не мора да се менува за да биде нечиј избор. Јарецот ќе остане во лоша врска затоа што се плаши дека нема повторно да има слична врска. Затоа повторно и повторно се свртува кон таа врска со надеж дека секој пат ќе биде подобра и поинаква.

Водолијата е вистински пријател

Со цел врската навистина да успее, Водолијата гради пријателска основа. Го прави тоа пред да се случи нешто романтично. Но, важно е да запомни дека мозокот не може да биде единствениот кон кого треба да се обрати кога му треба помош, бидејќи и срцето игра важна улога. Водолијата ќе остане во емотивна врска, дури и кога работите ќе станат лоши, само затоа што нивното пријателство никогаш не било доведено во прашање. За Водолијата емотивната врска можеби е завршена, но пријателството не.

Рибите веруваат во љубов

Поврзаноста е нужна за емотивните Риби. Тие веруваат и чувствуваат дека сите нивни тајни, ранливости, стравови и соништа се безбедни со таа личност. Така, Рибите се прашуваат зошто некогаш би барале некој друг кога во таа личност пронашле сѐ што некогаш барале и посакале.

Рибите остануваат во токсична врска бидејќи нивниот знак е две риби кои пливаат во спротивни насоки, што значи дека истовремено им е и топло и ладно. Рибите во еден момент изгледаат како да зборуваат за врска од самиот почеток, кога штотуку почнале да се забавуваат, а следниот момент ќе се чувствуваат изненадени и ќе сакаат да излезат од таа врска.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

Обрнете внимание: 6 важни симптоми кои укажуваат на опасен рак

Read more

Љубов и секс

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Read more

7 прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Read more

Колку секс е премногу секс?

Read more

Брачен советник откри на што најмногу се жалат жените на терапија

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе