Зошто патиме по луѓе со кои одвај сме биле во врска?

Долгите врски постепено се гасат или стивнуваат во текот на неколку месеци. Затоа нивниот крај, иако е болен, обично е постепен процес. Крајот на нова врска и прекинувањето на целата таа еуфорија и енергија што обично следат со неа, е како нагло откажување од дрога. А потоа следи периодот на привикнување на апстиненција.

Сценарио

Излеговте на неколку состаноци и сѐ беше ок. Очите ви светнаа, почнавте да размислувате да го избришете профилот на Tinder, правите планови што сѐ би можеле да правите со оваа личност. И потоа стигнува пораката од која сите се плашиме: „Нема хемија меѓу нас“, „Не сум подготвен/а за врска“ или нешто слично фино за откачување.

Во очај, почнувате интензивно да ги посетувате сите онлајн профили на личноста што ви се допаѓа, да се интересирате за работите за кои се интересираат тие, да лајкнувате сѐ, па да премерувате што ќе лајкнете, па сте во искушение да пишете коментар или приватна порака... нештата ескалираат многу брзо. Поминале неколку месеци и уште не можете да излезете од тој маѓепсан круг во кој се прашувате што тргна на лошо и како може еден момент да ѝ се допаѓате на таа личност, а следниот веќе не.

Реалност

Невозвратената љубов има долга, романтизирана историја во песните и литературата што кога се наоѓаме во таква ситуација го користиме како аргумент за нашата тага. Да се биде оставен од некој за кој сме си замислувале дека може да биде љубовта на нашиот живот наликува на ретка, срцепарателна трагедија од романите или некоја епска песна. Психолозите велат дека тоа е вообичаено.

Во истражување од 1993 година спроведено на 155 мажи и жени било заклучено дека  98% од испитаниците некогаш во животот се почувствувале дека биле „жртва“ на невозвратена љубов. Причината за овој феномен е суровата вистина – Повеќето од нас се сметаме за попожелни отколку што навистина сме за другите, па така, луѓето кои ги сметаме за подеднакво пожелни како нас можеби не мислат така. Тоа се фини зборови за – не знаеме кога некој е во повисока лига од нас.

Психолозите велат дека е нормално да чувствувате иницијален шок и болка кога ќе ве одбие некој што ви се допаѓа. Не е чудно кога некој и после раскинувањето продолжува да размислува за партнерот со кој  бил кратко време. Тоа се случува многу почесто отколку што луѓето сакаат да си признаат. Понекогаш ги ставаме „сите јајца во една корпа“ и се надеваме дека таа личност ќе ни биде навистина важна во животот, а тоа може да го изврти начинот на кој сме ја гледале ситуацијата – колку навистина ни било прекрасно во тој краток период на додворување, не сме ја гледале реално личноста и сме збунети и повредени кога врската нема да успее уште непочната.

Некои психолози сметаат дека причината е фактот дека луѓето имаат фиксација на недовршени работи и дека повеќе се сеќаваме на недовршените (во нашата глава, неуспешните) работи, отколку на завршените.

Исто така, новите врски, со целата нивна возбудливост, буквално ја менуваат хемиската рамнотежа во нашиот мозок. Кога нешто е интензивно и возбудливо, макар и на кратко, создава промени во хемиската рамнотежа што му годат на мозокот и тој не сака да се ослободи од нив. Кога ќе заврши стимулацијата, на ред доаѓаат осаменоста и копнежот.

Зрак надеж

Психолозите имаат добра вест – во најголем број случаи, ќе преболите. Времето на преболување можеби ќе варира. Ако вашите пријатели досега веќе не ви го направиле ова, избришете ги сите фотографии, музика и слично што ве потсетува на таа личност. Пожелно е да ја избришете и од социјалните мрежи или да вежбате контрола во отворање на нејзините профили. Не можете да ја избришете таа личност од сеќавањата, но можете од вашето опкружување, а тоа многу ќе ви помогне.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе