Фит

Зошто пливањето е одлична активност за слабеење?

6. февруари 2019 - 16:49 | А.С.

Прва асоцијација за губење килограми за многумина е вежбањето во теретана во комбинација со строг режим на исхрана, но фитнес експертите препорачуваат да ја најдете физичката активност што вам најмногу ви одговара за да видите резултати за кратко време.

Која било физичка активност ќе ве стави на вистинскиот пат кон поздрав живот и вито тело, но повеќето фитнес гуруа потврдуваат дека пливањето е физичка активност што гарантирано ќе покаже резултати во борбата против вишокот килограми.

Ниту една друга вежба нема истовремено да топи калории, да го забрза метаболизмот и да го затегне секој мускул на телото како пливањето.

Со само еден час пливање се согоруваат приближно 500 калории, а со поинтензивни техники на пливање, како грбно пливање, се согоруваат и до 700 калории.

Тајната лежи во тоа што водата е 800 пати потешка од воздухот и отпорот на мускулите се пружа во различни правци, додека водата истовремено ги растеретува мускулите и зглобовите, што не може да се спореди со ниту една друга активност надвор од вода.

Но, не запнувајте веднаш. Ако не сте активен пливач, не може веднаш да почнете интензивно да пливате, туку треба постепено да го зголемувате времето поминато во базен. Прилагодете го времето на пливање на вашите можности и малку по малку зголемувајте го од ден во ден.

Коментирај