Зошто по будењето не треба веднаш да го местите креветот?

Често се вели дека наутро, по будењето и станувањето, треба да се намести креветот и дека тоа е еден од начините за стекнување позитивни навики.

Но, со оваа препорака треба да се биде внимателен. Имено, доколку креветот го наместите веднаш откако се разбудите, можете да го направите уште повалкан. Постелнината после спиењето треба да ја отскриете и околу еден час да ја оставите да стои така за да исчезне топлината која ја направило вашето тело и со тоа да се намали бројот на грини кои се насобрале за време на спиењето.

Креветот можете да го поднаместите со тоа што ќе ја порамните постелнината за да изгледа поуреден, но во никој случај немојте да го покривате бидејќи на тој начин бактериите ќе продолжат да се собираат.

Значи, по станувањето отворете прозорец или барем врата од собата каде што спиете за да може да проциркулира воздух.

„Доколку креветот го наместите веднаш по станувањето наутро ќе ги заробите грините кои се насобрале преку ноќта. Овие микроскопски предатори, помали од милиметар, се хранат со човечка кожа и живеат на влажни места. Кога ноќе спиеме, телата ни стануваат потопли, но и повеќе се потиме и со тоа стануваат примарни мети за оваа напаст. А тие потоа оставаат секрети кои можат да предизвикаат алергии и астма. Затоа, доколку наутро веднаш си го наместите креветот ќе ја заробите сета влага и ќе им направите убав дом на милиони грини“, објаснува доктор Каран Раџ, кој има свој канал на TikTok каде споделува корисни совети.

„Наместо тоа, барем накратко оставете го креветот ненаместен за воздухот да кружи и до него да може да допре и сонце. Така грините ќе дехидрираат и ќе угинат“, додаде.

Проблем настанува кога станувате рано изутрина и се брзате за на работа. Едноставно креветот наместо прв да го средите, оставете го за пред излегување. Или доколку имате некој дома оставете му задача таа личност да ви го мести креветот еден час откако ќе станете и заминете на работа.

@dr.karanr Stop making your bed #learnontiktok #schoolwithdrkaran #sleep #bed ♬ Steven Universe - L.Dre
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе