Не е крив само ретрограден Меркур: Зошто понекогаш сакаме да им се јавиме на бившите?

Психолозите се согласуваат за една работа - нормално е понекогаш да сакате да им се јавиме на поранешните партнери.

Чувството дека ни недостигаат неописливо, особено во итни ситуации како цела изминатата година, е очекувано, особено ако сме сингл. Има и објаснување зошто е тоа така... И не, нема врска со ретрограден Меркур!

Неизвесната иднина, постојаните лоши вести за војни и земјотреси, економски тешкотии - сето тоа се фактори кои значително влијаат на стресот на колективно и индивидуално ниво. Да го земеме предвид тој надворешен фактор, како и човечката потреба за безбедност и љубов, и добивме токсичен коктел од несигурности и емоции што понекогаш прават да имаме неодолива желба да се јавиме и да се поврземе со поранешните партнери. Не е одлична идеја, но психолозите велат - тоа е доста честа појава.

Имено, експертите тврдат дека е природно да копнееме по друштво на луѓе за кои се грижиме, а во моменти на голема мака и стрес, ние сме особено склони да се свртиме кон среќните спомени од минатото. Толку често многумина посегнуваат по мобилниот телефон и одлучуваат да ги повикаат своите поранешни љубовници - иако тоа може да им направи повеќе штета отколку корист.

Желбата да се контактира поранешна љубов не е секогаш лоша, бидејќи може да произлезе од вистинска грижа за нивната добросостојба. Но, постојат и други причини, како досада или желба за секс. Јавувањето на поранешните партнери може да биде добро сè додека произлегува од вистинска грижа и сè додека немате скриени мотиви, тврдат експертите. Исто така, многу е важно да не ја будите сопствената, но исто така и туѓа лажна надеж и да бидете сигурни дека излезот од сите проблеми е во прегратките на таа личност.

Психолозите ве советуваат да размислите дали е разумно да ги повикате вашите поранешни партнери сега кога сите се поранливи од вообичаеното и дали и двајцата ќе имате корист од тоа на долг рок. Во некои случаи, вишокот на слободно време со кое се соочивме за време на пандемијата може уште да ви се одразува и да ве натера да размислите повеќе за раскинувањата и грешките од минатото. Ако сакате да ѝ се вратите на поранешната љубов, размислете дали тешките моменти влијаеле позитивно на себеиспитувањето или послужиле како трик што ве води кон лоша врска.

Така, психолозите сметаат дека моменталната желба да се контактира со бившите е нормална и очекувана, но исто така и дека во повеќето случаи треба да се изгасне, а донесувањето на какви било големи одлуки треба да се остави за некои помирни, порелаксирани денови. Имено, носењето големи одлуки во моментите на стрес може да се покажат погубни, бидејќи кога сме под влијание на емоции, не можеме да ја разгледаме ситуацијата рационално.

Значи, ако и вие чувствувате потреба да испратите порака до вашиот бивш, прво добро размислете што се сменило по раскинувањето и зошто мислите дека вашата врска ќе биде подобра следниот пат. Колку и да изгледа примамливо, вие сакате да избегнете ситуација што ќе ве вознемири и ќе ви наштети на долг рок.

Затоа, памет во глава и не им се јавувајте на бившите во состојба на емоционална вознемиреност. Ако сепак сакате да се обидете да го обновите контактот, почекајте го времето кога ќе бидете смирени и задоволни од себе. Шансите дека вашата старо-нова љубовна врска ќе успее тогаш ќе бидат многу поголеми.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе