Зошто протестирам дека „Јавна соба е кривично дело“?

Под паролата „Јавна соба е кривично дело“, стотици демонстранти денеска излегоа на протест, со барање за неодложно и темелно расчистување на случајот со Јавна Соба, соодветни казни за администраторите, но и инкриминирање на сексуалното вознемирување преку интернет во Кривичниот законик.

Фото: КАЈГАНА

Протестниот марш со маршрута од пред Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство го организираше Платформата за родова еднаквост.

Транспаренти со пораки „Непостапувањето е соучество“, „Заспани џандари, будни силувачи“, „Денес е таа, утре ќе бидеш ти!“ се истакнаа низ толпата од претежно млади луѓе, активисти и членови на организациите под чадорот на Платформата за родова еднаквост, во знак на поддршка на жртвите во случајот „Јавна соба“, но и како јасен показател дека веќе нема да се молчи на темата сексуално вознемирување и насилство.

Фото: КАЈГАНА

Екипата на Kajgana.com разговараше со дел од демонстрантите и ги забележавме нивните побуди за протестирање и очекувања од протестот. Ова се зборовите на демонстрантите кои недвосмислено испратија порака: Со неа сум!

Фото: КАЈГАНА

„Излегов на протест бидејќи Јавна соба е кривично дело и треба да одговараат сторителите. Сметам дека со денешниот протест повеќе ќе се дигне свеста кај граѓаните, дека ќе почнат да се освестуваат за сериозните прашања, особено за тоа дека жените во Македонија долги години наназад се буквално на маргините, бидејќи политиките се уназадени, живееме буквално како да сме во 17, а не во 21 век. Мислам дека со вакви протести повеќе ќе се допре или барем ќе се продре до луѓе кои немаат секојдневен контакт со овие случувања и промени во општеството.“

Фото: КАЈГАНА

„Протестирам поради тоа што сметам дека за жал не постои ниту една единка меѓу нас, дали се работи за лица од машки, женски пол или лица коишто се идентификуваат поинаку, којашто не била жртва барем еден момент, конкретен или продолжен, на криминал или на насилство. Секогаш постои надеж дека еден потест ќе вроди со плод и токму затоа се организираат, надеж дека активизмот ќе допре до ушите на оние коишто се всушност надлежни да решаваат по овие прашања, кои се и тоа како горливи.

Се надевам дека масовноста на протестот ќе ги охрабри жртвите на Јавна соба да излезат со искази и се надевам дека сето она што се случуваше во текот на изминатите денови на социјалните медиуми, дека жртвите, на какво и да е ниво на анонимност или експонираност се решија да го стават или на хартија или во порака или на некој друг начин да го пренесат во порака своето искуство и се надевам дека тоа ќе им биде дополнителен стимул на оние жртви кои се уште не одлучиле дека момент да проговорат за тоа, се надевам дека ќе ги окуражи.

Меѓутоа сметам дека не мора секоја жртва да проговори – убаво е кога сме гласни – меѓутоа јас ги сфаќам и оние коишто не истапуваат и едноставно сакаат да се исцелат или да закрепнат од тоа што се случило или од траумата што им останала. Ние сме тука да проговориме за сите нив.“

Фото: КАЈГАНА

„Јавна соба е кривично дело и не треба да постои. Мислам дека е многу добро што има протест и се надевам дека со овој протест нешто ќе се смени. Исто се надевам дека жртвите ќе бидат охрабрени од масовноста на поддршката за да пријават сексуално вознемирување или насилство.“

Фото: КАЈГАНА

„Денес сум тука бидејќи веќе е крајно време да се преземе нешто многу повеќе за ова насилство што се случува кон жените, кон девојките... кон жените општо во домот, на интернет, на нивното работно место... Крајно време е да престане нереагирањето на полицијата, на истражните органи, на Јавното обвинителство, за сите случаи што се случуваат, на кривични дела, на силување, неразрешени дела... Крајно време е дојдено ова прашање да стане приоритет на властите и на органите, заради тоа што е веќе... не знам кој збор да го искористам за односот по овие многу важни прашања. Некако имам чувство дека се поттурнуваат, жените се деградираат, се понижуваат, се омаловажуваат, жртвите се омаловажуваат, се исмејуваат.

Гледаме што се случува, каква е перцепцијата на општата јавност за овие прашања и сметам дека тука огромни чекори треба да има за превенција, за едукација, па така заедно системски да се променуваат работите, а не поединечно, само како случаи, не е доволно ова што се прави, ни оддалеку. Не се доволни тие брзи реакции, апсолутно напротив сметам дека полицијата има полни раце работа. Сметам дека сите, а особено ние како жени, треба да ‘пуштиме нога’ кон поголема еманципација, да се поддржиме едни со други, да ги поддржиме жртвите, затоа што никогаш не се виновни. На крајот на денот, да се гледа на едукацијата како на позитивно нешто што може да придонесе кон подобро живеење на сите во ова општество.

Очекуваме по овој протест разрешување на пријавените случаи, сметам дека гласот е масовен, ќе биде уште помасовен, ние не престануваме, тука сме, ќе преземаме сѐ што треба, како досега, за да се стави акцент на овие прашања бидејќи е крајно време дојдено овој нехуман однос да биде казнив. Ние израснавме и живееме во култура на неказнивост, секој овде може да си прави што сака. Излегов денеска и како граѓанка, и како жена, и како активистка за родова еднаквост, за правата на маргинализираните групи бидејќи мора поактивно да ги истакнуваме овие прашања и тоа секојдневно.“

Фото: КАЈГАНА
Фото: КАЈГАНА
Фото: КАЈГАНА
Фото: КАЈГАНА
Фото: КАЈГАНА
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе