Зошто Рафаел Маркез кој го игра петтиот Мундијал се крие од реклами?

Покрај тоа што вниманието го привлекува поради својот петти настап на Светските првенства во својата играчка кариера, 39-годишниот Рафаел Маркез, специфичен е и поради тоа што на тренинзите на мексиканската репрезентација не носи идентична опрема како и своите соиграчи, чии тренинг маици се исполнети со спонзорски симболи.

Поврзаност со мафија

Американското министерство за финансии во текот на изминатата година го стави Рафаел Маркез на црната листа, поради сомневање дека е поврзан со мексикански нарко картел.

Некогашниот дефанзивец на Барселона и Монако, кој објави дека ќе се пензионира по завршувањето на Светското првенство во Русија, ги негираше обвиненијата.

Иако официјална постапка против него не е започната, целокупниот имот на Рафаел Маркез во САД е замрзнат, како и имотот кој го има во Мексико, а е поврзан со американски компании.

Бројни забрани

На американските компании им е забрането да склопуваат договори со мексиканскиот репрезентативец, се додека тој се наоѓа на црната листа.

Рафаел Маркез на тренинзите на мексиканската репрезентација не смее да носи опрема, на која стои марката Coca-Cola.

Ако биде избран за играч на натпревар на Мундијалот, признанието нема да смее да го прими, бидејќи наградата ја претставува марката Budweiser.

Изјавите пред или после натпревар, не смее да ги дава пред паното на кое се испишани официјалните спонзори на Светското првенство, како Coca-Cola и McDonalds.

Му беше забрането и да дојде во Русија користејќи ги услугите на американските авиокомпании.

Во досегашниот дел од групната фаза на Светското првенство во Русија, Маркез забележа само 38 минути: 16 минути против Германија и 22 минути против Јужна Кореја.

За мексиканската репрезентација вкупно забележа 144 настапи, а на вечната листа пред него се само Клаудио Суарез (179 настапи), Андреш Гуардадо (148 настапи), Павел Пардо (148 настапи) и Герардо Торедо (146 настапи).

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе