Зошто Рамазан е најсветиот месец во исламската култура?

За време на Рамазан муслиманите имаат за цел духовно да пораснат и да изградат посилна врска со Бог.

Секоја година муслиманите ширум светот со нетрпение го очекуваат појавувањето на новата месечина, која официјално го одбележува првиот ден од Рамазан, деветтиот месец во исламскиот календар и најсвет месец во исламската култура.

Овој месец за исламските верници е свет бидејќи во него почнала објавата на Куранот.

Исламскиот календар е лунарен календар и месеците осговараат на почетокот на новите месечени фази. Со оглед на тоа што исламскиот календар е пократок за 11 до 12 дена од сончевата година, датумот на почеток на Рамазан се менува.

Почетокот и крајот на Рамазан го одредува одборот за набљудување на Месечината, кој се наоѓа во Саудиска Арабија. Држави како Египет, Бахреин, Кувајт, Оман, Катар и ОАЕ се водат според саудиското одредување, како и други земји како што се Индонезија, Либан, Мароко, Сирија, балканските држави... Останатите се водат спопред сопствени набљудувања на младата месечина.

Како се слави Рамазан?

За време на Рамазан муслиманите имаат за цел духовно да пораснат и да изградат посилна врска со Бог, или Алах. Тоа го прават така што се молат и го читаат куранот, а се воздржуваат од оговарање, лажење и кавги.

За време на целиот месец, помеѓу изгревањето и заоѓањето на сонцето, за сите муслимани е обавезен постот (освен за болни, трудници, патници, стари луѓе и жени што имаат менструација). Пропуштените денови од постот може да се надокнадат во остатокот од годината.

Оброците се прилика за муслиманите да се соберат со другите во заедницата и заедно да го прекинат постот. Појадокот пред зората, или сухур, обично се прави во 4 часот утрото пред првата молитва во денот, Фаџр или Сабах намаз.

Вечерниот оброк, ифтар, може да почне кога ќе заврши молитвата на зајдисонцето, Магреб - обично околу 7 и 30 часот, но варира во зависност од периодот во годината кога се паѓа Рамазан.

Бидејќи пророкот Мухамед постот го прекинувал со урми и чаша вода, муслиманите јадат урми и за сухур и за ифтар. Урмите се богати со хранливи материи, лесно се варат и на телото му обезбедуваат шеќер по долгиот ден постење.

По последниот ден од Рамазан, мислиманите го прославуваат неговиот крај со Рамазан бајрам - фестивал за прекин на постот - кој почнува со заедничка молитва в зори. Во трите дена славење, учесниците се собираат да се помолат, јадат, разменуваат подароци и оддаваат чест на починатите роднини. Некои градови се и домаќини на карневали и големи молитвени собирања.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Вести

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Read more

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Read more

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Read more

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Првпат снимена супернова како пробива низ ѕвезда

Читај повеќе

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе