Зошто „разгалените“ Голден Стејт Вориорс се добри за НБА лигата

По вчерашниот инцидент, Вориорс само го потврдија својот статус на „негативци“ во НБА лигата. Но тоа не е лошо. Баш напротив, тоа ја прави лигата поинтересна.

Вчера Стеф Кари и Кевин Дурент влегоа во инцидент од кој и двајцата заработија исклучување, а можно е да добијат и суспензија од лигата во траење од неколку натпревари.

Ова не е првпат Кари да го фрли заштитникот за заби (кон некого), и секако, не е првпат Дурент да не биде задоволен од судиска одлука или од лош третман од фановите. Но, она што може да се забележи од целиот тим на Голден Стејт Вориорс е дека скоро сите играчи се однесуваат арогантно и како да се недопирливи рок ѕвезди.

И тоа воопшто не е лошо. Ниту за лигата, ниту за фановите.

Константите груби стартови на Дрејмонд Грин, надополнети со неговиот темперамент се можеби најиритирачки за обичниот фан, но тие го мотивираат тимот на Вориорс кој секоја година изгледа сѐ подобро. Тука е и арогантноста на Кари, кој секогаш прави гестикулации кон противничката клупа, погледнува кон публиката додека шутот сѐ уште не е влезен низ мрежата, и има повремени испади како вчерашниот и оној во финалето од 2016 година. Но Кари е бокс-офис, Кари е сензација и сето тоа го прави тимот на Вориорс интересен за гледање.

Секако, нема да ги изоставам ниту грубите стартови на Заза Пачулија, ниту пак односот на Кевин Дурент, кој последните неколку години го доби приматот на најголем „плачко“ во лигата, а тука се и Џавел Мекги, кој лани имаше жестоки кавги со Шекил О’нил на социјалните мрежи, како и нивниот тренер, Стив Кер, кој секогаш знае како да ја „подгрее“ ситуацијата со неговите коментари.

За обичниот фан играчите на Голден Стејт Вориорс се арогантни, одбивни, разгалени детишта. Но за вистинските фанови на НБА лигата тие се сензација. Тие играат кошарка која мора да се гледа, и секој нивен меч носи огромна возбуда.

Најталентираниот состав кој некогаш бил формиран во НБА лигата има не само право, туку и обврска да се однесува арогантно. Сепак, тие се најдобриот тим во лигата, и скоро и да немаат вистинска конкуренција.

А НБА лигата немаше вистински „негативци“ откако се распадна составот на Мајами Хит во кој беа Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош и Реј Ален. Вориорс се само природни наследници на овој примат.

Вориорс не се негативците кои се „лошите момци“ во модерната НБА, туку тие се негативците кои ги заслужуваме. Нивната кошарка и нивниот однос на теренот одат рака под рака, и колку и да не ни се допаѓа начинот на кој индивидуалците од овој тим се однесуваат према другите тимови, сепак тие тоа го заслужија со доминантната игра во изминатите три години.

Ова лето се случи најдобриот преоден рок кој го паметам, со трејдови на играчи и преселби од едно место на друго, и тоа само со цел тимовите да можат да им конкурираат на Голден Стејт. Конечно ќе го видиме Кармело Ентони во силна екипа, ќе видиме што може да направи Крис Пол кога околу себе ќе има врвни играчи кои не се повредуваат и повторно ќе го видиме тандемот Џејмс-Вејд. И сето тоа заради пресилниот тим на Голден Стејт Вориорс, кој ги предизвика овие преселби.

Без Вориорс лигата не би била толку интересна. Без Вориорс ќе немаме негативец кој го „брка“ целата лига.

Затоа, наместо да се лутите за секоја судиска одлука која оди во нивна корист, или пак да викате кон екранот во лутина затоа што Дрејмонд Грин не е исклучен откако клоцнал противнички играч, запаметете дека баш тој однос е она што ве натерало да го вклучите телевизорот таа вечер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе