Зошто ригорозните диети не успеваат на долг рок?

А.С.
/ 27.01.2022 / 18:55

За да одговориме на ова прашање, прво мора да разграничиме што значи „диета“.

Диетата е едноставно „начин на исхрана“, а ригорозните режими што подразбираат намалување или целосно откажување на одредена храна не може да бидат одржливи на долги патеки и не може да бидат долгорочен начин на исхрана.

Кога го изложувате телото на намалено внесување на количина на храна или скратување на одредена група храна, резултатите можеби ќе бидат видливи за скоро време, но штом престанете да го правите тоа и се вратите на старите навики, килограмите ќе се вратат, а можеби ќе бидат проследени и со здравствени проблеми.

Ваквите методи и режими се неодржливи на подолг период бидејќи во поголемиот број случаи, едноставно не можете да бидете функционални и да имате енергија. Не е ништо ново кога ќе речеме дека умереноста е клучна за многу работи во животот, а тука спаѓа и храната.

Ригорозните диети, оние што се темелат на ограничување на количините и видот на храна, можеби се добредојдени кога е потребно за кратко време да се симнат повеќе килограми, како на пример пред операција или ако сте решиле да направите драстична промена во изгледот и начинот на живот, на пример мора да ослабете за да може да почнете да се занимавате со некаква физичка активност.

Она што не смеете да го заборавате е дека по ригорозната диета треба да се држите до исто така контролиран режим на исхрана, но не и да се прегладнувате или лишувате од одредена храна што ви е потребна за нормално функционирање.

Освен ако немате медицинска потреба од тоа, не скратувајте ниту една група храна од вашето мени. Она што треба да го скратите, не само поради вишокот килограми, туку и поради квалитетот на живеењето, е брзата и пржена храна, газираните пијалаци и претераната количина благо.

Кога сте решиле да слабеете, прво направете контрола на порциите, избирајте здрави намирници и здрав начин на готвење, почнете со редовна физичка активност и најважно од сѐ: имајте реални очекувања од вашето тело.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фит

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Read more

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе