Зошто САД доминираат на годинешните Нобелови награди?

Дури осуммина од добитниците на Нобелова награда оваа година се американски државјани, продолжувајќи го историскиот тренд поврзан со моќта на науката во Соединетите Американски Држави и нивната способност да ги привлечат најголемите светски таленти.

Американските универзитети континуирано доминираат на листите „Глобални топ 100“ со комбинација на приватни универзитети од Ајви лига и престижни државни колеџи.

Откако беа доделени првите Нобелови награди во 1901 година, САД собраа 400, речиси трипати повеќе од Велика Британија и четирипати повеќе од Германија. Овие податоци вклучуваат луѓе кои потекнуваат од многу други земји.

„Навистина ги ценам можностите што ми се дадени во оваа земја“, рече Ардем Патапутиан, еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина во 2021 година за неговата работа за истражување на нервните рецептори поврзани со допир.

Американецот со ерменско потекло, кој израснал во Либан, го припишува својот успех на јавниот систем на Универзитетот во Калифорнија, каде што ги добил своите дипломски и докторски дипломи и Институтот за истражување Scripps, каде што работел дваесет години.

Универзитетот во Калифорнија е дом и на уште еден нобеловец во медицината, Дејвид Џулиус од Универзитетот во Сан Франциско.

Вработените на Универзитетот во Сан Франциско освоиле 70 Нобелови награди, нешто помалку од вкупниот број награди што ги освои Франција, на четвртото место во светот.

Темелни истражувања

Еден од годинешните добитници на Нобелова награда за физика, Сиукуро Манабе, кој имигрирал во Америка од Јапонија во 50-тите години и ја завршил научничката кариера со проучување на климатските модели во Принстон, Њу Џерси, им рече на новинарите дека можел да го прави она што го интересира лово САД, што било клучно за неговиот успех.

Еден од добитниците на наградата за хемија, Дејвид Мекмилан, се пресели во САД од Шкотска во 90-тите години и исто така е професор на Принстон. Таму дипломираше и Американката со потекло од Филипини, Марија Реса, годинашна добитничка на Нобеловата награда за мир.

Наградата за економија во понеделникот ја поделија Американецот со канадско потекло Дејвид Кард, Американецот со израелско потекло Џошуа Ангрист, двајцата од Принстон и Американецот Гвидо Имбенс, роден во Холандија, од Стенфорд.

Финансирањето за темелни истражувања, или истражувања насочени кон подобрување на научните теории или разбирање теми, е во срцето на американските победи, изјави за AFP Дејвид Балтимор, еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина во 1975 година.

Во споредба со применетите истражувања, „дивидендите“ на основното истражување може да се исплатат години или децении подоцна, честопати на непредвидливи начини.

„Тоа е исто така силата на нашите истражувачки институти и универзитети што датира од основањето на Харвард пред многу стотици години“, додаде Балтимор, почитуван професор по биологија на Технолошкиот институт во Калифорнија (Caltech).

Сојузното финансирање на универзитетот беше координирано од Националната фондација за наука во 1950 година, но филантропијата и приватните донации, исто така, играат зголемена улога во финансирањето.

Иако Кина ги достигнува САД кога станува збор за вкупното финансирање на истражувањето, таа има предизвици поврзани со академските слободи и способноста да привлече најголем талент, Х.Н. Ченг, претседател на Американското хемиско друштво.

Наградување на млади луѓе и мигранти

Исто како што богатите земји со развиена спортска инфраструктура доминираат на меѓународни натпревари како што се Олимпијадата, САД се научна суперсила благодарение на тоа што е прва светска економија.

„Научникот, на пример, ќе има повеќе можности за вработување не само во академијата, туку и во индустријата, во владините лаборатории и на други места“, рече Ченг за AFP.

Марк Кастнер, професор по физика на МИТ, додаде дека американските универзитети имаат традиција да ги наградуваат талентираните млади научници со сопствени лаборатории.

„Во Европа и Јапонија, имате големи групи предводени од многу стар професор и дури кога ќе се пензионира, доаѓа помлад човек, и дотогаш таа веќе нема нужно да ги има најдобрите идеи“, рече тој.

На пример, еминентниот невробиолог од Харвард Кетрин Дулак одлучи дека нема да се врати во Франција кога била во нејзините дваесетти години. Друг проблем беа родовите предрасуди, рече таа минатата година за AFP.

Гледајќи кон иднината, некои се загрижени дека намалувањето на имиграцијата може да го доведе во прашање лидерството на Америка во науката.

„САД изградија феноменална култура на добредојде“, рече италијанскиот имигрант Стефано Бертуци, главен извршен директор на Американското здружение за микробиологија.

Меѓутоа, неодамна, тој и Кастнер изразија загриженост за растечките трендови на ксенофобија и национализам, што ги прави САД помалку атрактивна дестинација.

Ова особено важи за кинеските студенти, кои беа под лупа за време на поранешната администрација на претседателот Доналд Трамп под сомнение за шпионажа.

реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Ќерките на Анџелина Џоли ја засенија актерката на црвениот тепих

Read more

Свет

Ердоган се откажа од протерување на 10 западни амбасадори

Read more

Moderna тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и безбедна за деца

Read more

Кина почнува со вакцинирање на деца од три години против COVID-19

Read more

Меркел ја призна нејзината најголема корона-грешка

Read more
 

Вести

Ердоган се откажа од протерување на 10 западни амбасадори

Читај повеќе

Moderna тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и безбедна за деца

Читај повеќе

Кина почнува со вакцинирање на деца од три години против COVID-19

Читај повеќе

Влада: Вклучен и вториот блок на РЕК Битола, граѓаните нема потреба да стравуваат

Читај повеќе

135 нови случаи на COVID-19 од 1.514 тестирања

Читај повеќе

Facebook се распаѓа одвнатре: Дали ќе ја научи лекцијата, ќе пропадне или ќе продолжи како да не било ништо?

Читај повеќе

Рокот за поднесување ДДВ-4 продолжен до 27 октомври

Читај повеќе

Медиумите не го прекршиле Изборниот законик при известувањето во првиот изборен круг

Читај повеќе

Меркел ја призна нејзината најголема корона-грешка

Читај повеќе