Зошто се дебелееме во првата година од врската?

Дебели и среќни. Ова низ смеа најчесто го кажуваат луѓето кои значително се здебелиле во првата година од врската, но кога ќе помине „грејс периодот“, веќе не е смешно.

Здебелувањето во првата година од врската, што може да се случи и во првата година од живеењето заедно или во брак, најчесто е резултат на опуштање.

Луѓето кои се во врска сметаат дека не треба да изгледаат секогаш во форма, бидејќи нивниот партнер ќе ги сака во секој случај, па затоа си дозволуваат да јадат многу повеќе отколку оние кои не се во љубовна врска, потврди истражувањето на Централниот универзитет на Квинсленд од Австралија спроведено на 15.000 испитаници.

Резултатите покажаа дека луѓето на почеток на среќна љубовна врска се здебелувале во просек по 5,8 килограми повеќе од оние кои не се во врска.

Љубовна тежина

Истражувањето исто така покажа дека вљубените парови се хранат многу поздраво од оние кои не се во врска, но затоа пак вежбаат многу помалку. Афинитетите кои луѓето во врска ги имаат еден према друг им се доволна причина за да останат во домовите и да поминуваат повеќе време заедно.

Поради тоа, многу често како заедничка активност се зема готвењето, што пак резултира во покачување на килограмите кај двајцата партнери.

Романтичните вечери многу често вклучуваат јадење и вино заедно, а многу често партнерите знаат да одат на заеднички вечери и забави каде има храна, па и самото тоа влијае на нивната тежина.

Како да останете во добра форма?

Тоа што сте среќни и заљубени не треба да ви биде изговор за да се запуштите и да дозволите да се здебелите толку многу што ќе почнете да станувате незадоволни.

Кога луѓето не се задоволни со својот изглед, тоа почнува да се одразува на комуникацијата со партнерот и на квалитетот на врската. Ќе станете раздразливи, нераспопложени, несигурни, а може да си навлечете и здравствени проблеми.

Затоа, преземете ја ситуацијата во свои раце и почнете да внимавате на исхраната, пијте многу вода и почнете да се занимавате со некаква физичка активност. Ако ова го правите заедно со партнерот, ќе бидете поистрајни во напорите и двајцата за кратко време ќе имате видни резултати.

реклама

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Ова се десетте најпаметни трансфери направени летово

Read more

Ни халал, ни кошер: Полска ќе забрани колење животни по верски правила

Read more

Љубов и секс

Секс совети: Како полесно да постигнете оргазам?

Read more

Астро симпатии: Бикот привлекува Јарци, Рибите се магнети за Лавови

Read more

Седум знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

Read more

Секоја петта жена има секс со бившиот

Read more

Магазин

Идеја за појадок: Ролнички со цимет

Читај повеќе
  • play_arrow

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Читај повеќе
  • filter

Како денес изгледа момчето од Kinder чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не, не е житарка: Зошто треба да почнете да јадете хелда секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште ова фалеше - риби играат фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Шокантна трансформација на актер пред и по негово отрезнување

Читај повеќе

Тага, страв, среќа: Како емоциите влијаат врз здравјето на нашите органи?

Читај повеќе

Три кардио вежби со кои ќе ослабете исто како со трчање

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 европски градови кои треба да ги посетите кога ќе се отворат границите

Читај повеќе