Многу деца се раѓаат со сини очи, кои по одредено време се менуваат како што растат. Дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова?

За да разберете како очите ја добиваат својата боја, прво мора да ја разберете улогата на шареницата, кој се нарекува и ирис. Тоа е мускулна структура која ја опкружува зеницата и контролира колку светлина допира до окото.
Ирисот има заден слој (познат како пигментен епител) и преден слој, или строма. Повеќето луѓе имаат кафеава боја во пигментниот епител. Сепак, количината на пигмент во стромата е она што ја одредува бојата на очите.
„Ирисот содржи многу меланоцити кои го содржат целиот меланин. Сините очи содржат минимална количина на пигмент, додека кафените очи имаат високо ниво на меланин“, вели д-р Емили М. Зепеда.
Ирисот на бебињата не содржи многу меланин при раѓање. Недостатокот на меланин овозможува светлината да се рефлектира од ирисот, предизвикувајќи очите да изгледаат сини.
Со текот на времето, меланоцитите продолжуваат да се развиваат и да произведуваат меланин. Некои деца ќе ја задржат сината боја на очите, но многумина ќе доживеат промена. Како што се развива меланин, очите може да потемнат до зелени, кафеави или боја на лешник.
„Опсегот на време кога бебето ќе ја добие 'вистинската' боја на очите варира, но тоа обично се случува помеѓу 6 и 9 месеци“, вели Зепеда.