Користењето електричен автомобил во кој било поголем град заштедува многу време и пари.
Одржливоста може да биде главната причина за возење на целосно електричен автомобил, но во никој случај не е единствената. Освен што е добро за планетата Земја, користењето е-автомобил е добро и за возачите. Ова се најчестите причини зошто сѐ повеќе возачи ширум Европа бираат електрични автомобили.
Можноста да се избегнат типичните метежи во сообраќајот е една од стимулациите со кои сѐ повеќе и повеќе градови ги наградуваат корисниците на електрични автомобили. Во многу европски градови е дозволен е-автомобилите да возат во лентите за автобуси. Се нагласува случајот со Мадрид, каде што можете да возите во лента специјално резервирана за специјални возила или за еколошки автомобили. Благодарение на оваа мерка, ако живеете во предградие, можете да ги намалите дневните патувања до работа за околу 30 минути на ден. За многу корисници, ова е главната причина за избор на електричен автомобил.
Друг голем дневен предизвик за возачите во повеќето градови е наоѓање паркинг место. Затоа, сè повеќе градови им нудат на возачите на електрични возила посебни поволности, како што се бесплатни или поевтини резервирани места за паркирање. Тие можат да паркираат во сина и зелена зона без плаќање и без временско ограничување.
Речиси 300 европски градови имаат т.н. „зони со ниски емисии“. И тој број расте. Шпанскиот закон за климатски промени, на пример, ги обврзува сите градови со повеќе од 50.000 жители да создадат зони со ниски емисии и да го ограничат сообраќајот со поголеми емисии до 2023 година. Електричните автомобили се решение за ограничувањата во градовите и со нив можете да се извозите до центарот на градот.
Веќе има повеќе од 150.000 јавни точки за полнење во Европа. Градовите се свесни дека мораат да изградат електрична мрежа за полнење на електрични возила и даваат стимулации за поставување станици за полнење во приватни куќи и компании. Покрај тоа, хотелите, рестораните и трговските центри на клиентите им нудат бесплатни места за паркирање како и дополнување на електрична енергија.
Електричните возила имаат сѐ поголем опсег, така што новите градски електрични автомобили можат да поминат и до 350 километри со едно полнење. Приближно 100 километри возење со електричен автомобил ве чини околу 1 евро, се разбира во зависност од земјата.
Целта е масовно ширење на електричната мобилност со пристапни цени за електричните автомобили. Сепак, електричните возила сѐ уште се поскапи од оние опремени со мотор со внатрешно согорување, па затоа клучна е директната поддршка за нивно купување, што варира од од 3.000 до 5.000 евра во зависност од земјата. Покрај тоа, постојат различни даночни олеснувања за возачите кои поседуваат и редовно користат електричен автомобил.