Зошто сѐ помалку ѕвезди можеме да видиме со голо око?

Бројот на ѕвезди што може да се видат драстично се намали во последните десетина години. Причината за тоа е она што на англиски се нарекува Skyglow, или осветлување на небото во текот на ноќта поради осветлување чија светлина е насочена нагоре или се рефлектира на земјата.

Skyglow од 2011 година станува сѐ посилен, а Кристофер Киба, научник од германскиот истражувачки центар за геонауки во Потсдам, предупредува дека ѕвездите стануваат сѐ помалку видливи. Киба и неговите колеги спроведоа истражување за овој проблем, а резултатите од истражувањето беа објавени во научното списание Science.

Дека ѕвездите сѐ потешко се забележуваат е заклучокот и на астрономите аматери и на „граѓани научници“ кои беа вклучени во 12-годишниот проект „Globe at Night“, кој вклучуваше броење на ѕвездите. Тие објавија дека промената на видливоста е речиси еднаква на 10% годишно зголемување на светлината од вештачки извори.

Според научниците, тоа значи дека дете родено во област од која биле видливи 250 ѕвезди, 18 години подоцна веројатно можело да види помалку од 100 ѕвезди.

Светлосно загадување

Загадувањето со светлина го истражувале и научниците Фабио Фалки и Салвадор Барá.

„Гледајќи фотографии и видеа од Земјата направени ноќе од Меѓународната вселенска станица, луѓето генерално ги погодува 'убавината' на градските светла, како светла на новогодишна елка. Тие тоа не го доживуваат како загадување. Тоа е како восхитување на убавината на виножитото, кое го предизвикува бензинот во водата и не препознавате дека тоа е хемиско загадување“, констатираат истражувачите Фалка и Барá.

Киба се надевал дека проблемот со светлосното загадување ќе биде помал, бидејќи во многу урбани средини осветлувањето е променето и е енергетски поефикасно. Градовите, особено оние во развиените земји, инсталираат LED осветлување чија светлина е внимателно насочена надолу, односно кон областа што треба да се осветли.

„Се надевав дека ситуацијата ќе се подобри ако светлината се насочи подобро. Но, има толку многу видови на осветлување - улично осветлување, декоративно, рекламно. Сите тие во комбинација, како и повеќе извори на вештачка осветленост воопшто, ја влошуваат видливоста на небото“, истакна тој.

Според една студија на Европската вселенска агенција (ЕСА) минатата година, релативно ниската цена на LED осветлувањето исто така придонесува за проблемот. Агенцијата го нарече парадокс на осветлувањето.

„Иако револуцијата на LED осветлувањето овозможи да се намали потрошувачката на енергија и да се подобри видливоста во текот на ноќта, целокупното светлосно загадување ноќе се зголеми. Парадоксално, колку е поевтино и подобро осветлувањето, толку е поголема зависноста на општеството од светлината“, истакнаа од Европската вселенска агенција.

Светлосното загадување не го скратува само погледот на ѕвездите. Се покажа дека влијае на здравјето на луѓето и го нарушува сонот. Покрај тоа, влијае и на однесувањето на одредени животни. Една неодамнешна студија покажа дека овој проблем е поврзан со намалувањето на бројот на инсекти. Киба истакна дека светлосното загадување претставува загубена енергија, пренесува BBC.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Вести

Google отвори својот четбот со вештачка интелигенција

Read more

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more
 

Гик

Google отвори својот четбот со вештачка интелигенција

Читај повеќе

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе