Зошто се прејадуваме?

Голем број луѓе мислат дека треба да престанат да јадат кога ќе почувствуваат дека стомакот им е полн. Но, науката вели поинаку. Ова се пет причини поради кои се прејадувате без да го сфатите тоа.

Постојат неколку причини кои влијаат на вашето прејадување, и скоро сите се случуваат без да знаете. Многумина мислат дека нивното однесување за време на јадењето е сосем нормално, но неправилното консумирање на храна може да биде главниот иницијатор за прејадување.

Големината на порцијата

Визуелниот изглед на порцијата може да биде многу голема причина за прејадување. Во истражување спроведено во САД на две групи луѓе им било дадено да јадат супа. На едната група чинијата им била тајно дополнувана со помош на цевче под масата, додека на другата група им била дадена кутлача за самите да си ја дополнат. На крајот од истражувањето било утврдено дека групата на која тајно им била дополнувана чинијата изела количински повеќе, што значи дека јадејќи луѓето можат да се „исклучат“ и да јадат повеќе од обично доколку чинијата им е полна.

Разновидност на храната

Обично престанувате да јадете кога храната нема повеќе да ви предизвикува задоволство. Затоа, разновидноста на храната во порцијата, колку и да е добра по здравјето, може да ве натера да се прејадете затоа што константно ќе ги менувате вкусовите. Ова не е совет дека треба да јадете помалку разновидна храна, туку да бидете внимателни да не консумирате големи количини од неа.

Дистракции

Додека јадете, пробајте да се фокусирате само на тоа а не на правење други активности. Јадењето пред ТВ или на биро додека работите може само да направи да изгубите чувство за ситост и да се прејадете несакајќи. Освен тоа, јадењето со дистракции влијае на внесот на храна во текот на целиот ден, па тоа ќе ве натера да јадете повеќе во текот на денот.

Алкохол

Веројатно нема да ви биде чудно доколку кажеме дека алкохолот го поттикнува телото да чувствува глад. Тоа е поради реакцијата која ја предизвикува кон сетилата, кои го отапува и прави тие помалку да чувствуваат дека телото е сито.

Јадење во друштво на други луѓе

Сите имаме различни навики во исхраната. Некој јаде бавно, некој јаде брзо, а некој едноставно јаде многу. Доколку некој од вашите блиски не ви одговара во стилот и начинот на исхрана, едноставно не јадете во негова близина. Телото ќе чувствува повеќе глад доколку гледа како јаде некој друг, посебно ако порцијата пред вас е полна.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе