Зошто сè уште не ни е дозволено да зборуваме на телефон во авион?

Иако постојат технологии кои овозможуваат повици од авиони во лет, забраната воведена на почетокот на 90-тите сè уште е на сила.

Иако станаа незаменлив дел од секојдневието, сè уште не можеме да користиме мобилни телефони секогаш и секаде. Една од тие ситуации е авионски лет, кога е забрането да се користат за поврзување на мобилна мрежа.

Современите авиони се опремени со чувствителни системи за навигација и комуникација кои се потпираат на радиосигнали за правилно функционирање. Овие системи на авиони, клучни за безбеден лет, вклучуваат опрема за навигација и комуникациски системи кои се поврзуваат со копнени станици и сателити.

Секое мешање, дури и од навидум безопасни уреди како телефони, може потенцијално да ги наруши овие критични инструменти на авионот и да ја загрози безбедноста на летот. Затоа не можете да ги користите освен ако не се во авионски режим. Овој режим ја оневозможува мобилната врска, додека другите функции (како Bluetooth) остануваат активни.

Кабинскиот екипаж игра клучна улога во спроведувањето на оваа забрана, па ќе ве потсети да го вклучите авионскиот режим и да проверите дали ги следите упатствата.

Дали навистина е неопходно да се забрани употребата на телефони во авиони?

Истражувачите во средината на 2000-тите заклучија дека телефоните може да пречат на критичната електроника во авионите, иако не можеа да најдат случаи каде што тоа предизвикало несреќа. Денес тие не претставуваат толку голем безбедносен проблем како порано бидејќи се направени промени во дизајнот на авионот за да се минимизира ова нарушување.

Се поставуваат штитови околу електрониката во авионот (на пр. системи за навигација и комуникација) против можни електромагнетни пречки од компјутери и телефони. Досега, тие заштитни мерки се чини дека функционираат добро. Но, тоа не значи дека можете едноставно да ја игнорирате забраната.

Ако се обидете да се јавите во лет, најверојатно ќе бидете фатени на дело бидејќи ќе ве забележат или персоналот или другите патници. Од друга страна, на надморска височина од 11 километри ќе ви биде тешко да воспоставите контакт со мобилни станици, насочени кон сообраќај на површината на Земјата. Можно е да го направите ова на височина помала од три километри додека авионот се приближува до слетувањето, но немојте.

Можноста телефоните да им попречат на копнените мрежи е веројатно поголем проблем овие денови. Толпи луѓе кои обавуваат телефонски повици додека авионот брзо се движи низ воздухот, теоретски би можеле да „пингаат“ мобилни кули насекаде, со што ќе ја напрегаат способноста на мобилниот систем да обработува и препраќа повици.

Како функционира телефонската услуга за време на летот?

Постои технологија која им овозможува на патниците да остваруваат телефонски повици без ризик од пречки во електрониката или копнената мрежа на авионот. За ова се користат пикоцели - минијатурни мобилни станици со мала моќност инсталирани во авионот - кои овозможуваат пренос на телефонски повици преку интернет конекцијата во авионот.

На пример, од почетокот на 2010-тите британската авиокомпанија Virgin Atlantic обезбедува мобилна услуга за време на летот користејќи ја технологијата.

Зошто да не го користите телефонот додека летате?

Иако беше разгледано да се дозволи користење на телефони додека летате, ова беше напуштено поради интензивното противење од голем број групи од интерес. Една од причините против тоа беше можноста терористите да користат телефони за да активираат експлозивни направи.

Друга критика беше дека патниците нема да слушнат важни безбедносни упатства од екипажот доколку го користат телефонот во исто време. Исто така, нивното користење може да ја направи веќе тесната авионска кабина неподносливо бучен простор, пишува How Stuff Works.

реклама

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Read more

Чек дис аут

Kако се станува чистач на местото на злосторството?

Read more

Зошто стјуардесите ги поздравуваат патниците на влезот во авионот?

Read more

Како комарците бираат кого ќе „искасапат“?

Read more

Курти (не)решава математика

Read more
 

Магазин

Денеска е петок 13-ти – теории и суеверија

Читај повеќе

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Читај повеќе

Експертите ја наведоа главната причина зошто сè повеќе жени се одлучуваат за развод

Читај повеќе

За совршена паста престанете да ги правите основните грешки

Читај повеќе

Намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормоните за спиење и обезбедуваат добар и здрав сон

Читај повеќе

Есен со Прима мебел

Читај повеќе

Како да имате подобар секс кога со партнерот ве „палат“ различни работи?

Читај повеќе

5 ретроградни планети во исто време: Како ќе влијаат на секој хороскопски знак?

Читај повеќе
  • filter

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Читај повеќе