Ако една од одлуките за поздрав живот ви е да почнете повторно (или за првпат) да вежбате, една работа е сигурно дека ќе ви се случи. Ќе излезете од теретана во одлична состојба и два дена подоцна се будите со болки по целото тело.

Овој феномен на „одложена болка“ ги интригира научниците и експертите за фитнес. Токму затоа се посветени многу време и внимание да се одгатне овој феномен. Иако не е даден конкретен одговор зошто се јавува таа болка два дена по вежбањето, научниците нудат еден прилично прифатлив одговор.
Болката по вежбање обично кулминира 24-48 часа по тренинг на кој сме вложиле напор и се смета дека сме ги активирале мускулите до степен на кинење на мускулните влакна.
Оваа одложена или задоцнета болка се нарекува „мускулна болка со одложен ефект“ (DOMS) и се јавува бидејќи откако мускулот ќе се оштети за време на вежбањето, потребно е време да почне процесот на закрепнување, велат научниците.
Кога се кине мускулното ткиво, не само што локалните клетки помагаат во заздравувањето и отстранувањето на оштетените протеини, туку и клетките на имуниот систем се локализираат кај оштетеното место за да помогнат во заздравување и закрепнување на оштетеното ткиво.
Како резултат на тоа, на тоа место се случува одреден степен на воспаление на локално ткиво, додека локалните клетки, имуните клетки, заздравувањето и протеините, и многу други фактори што го стимулираат заздравувањето мигрираат на местото на направената штета.
Иако овој процес е дел од она што придонесува за болката поврзана со DOMS, е важен аспект од реакцијата на вежбањето што мора да се случи. Обично по неколку дена, DOMS се смирува и ова покажува дека процесот на заздравување се случил.
Ако болката трае подолго или е многу јака, тоа може да значи дека повредата или штетата е многу поголема и дека ќе ви треба подолг период на заздравување меѓу тренинзи.
Интензитетот, траењето и видот на вежбањето, како и вашето ниво на физичка спремност, се фактори што влијаат колку тежок случај на DOMS ќе доживеете по вежбањето.