Зошто секогаш паѓаш на „лузери“?

Време е можеби да смениш некои навики.

Можеш да бидеш одлична девојка, паметна, интересна и фина, но сепак, може да ти се случи постојано да завршуваш со некои момци кои ќе испаднат „лузери“. Можеби правиш некои од овие работи и затоа не можеш да најдеш добар дечко.

Запознавањето нови луѓе не е лесно. До моментот кога ќе најдеш добар тип, веројатно ќе налетуваш на куп лоши момци и „лузери“. Единственото нешто што е важно е да не паднеш на секој „лузер “ што ќе се појави. Не е крај на светот ако ти се случи, барем ќе извлечеш поука. Проблемот е ако тоа почне да ти се случува постојано и секој дечко со кој ќе завршиш на крајот испадне дека е во оваа категорија. Има неколку објаснувања зошто некои девојки и жени секогаш привлекуваат „лузери“ и завршуваат со нив. Нема да ти се допадне секое од овие објаснувања, но може да ти ги отвори очите.

Се согласуваш на врска со било кој само за да бидеш во врска

Имаш опции, дури и ако мислиш дека немаш, имаш! Не се согласувај на врска само за да кажеш дека имаш дечко. Тоа е вистинскиот начин да завршиш со лузер или некој кој не е компатибилен со тебе.

Им даваш на луѓето петта, шеста и седма шанса

Убаво е од тебе што си подготвена да дадеш втора шанса, но не дозволувај да бидеш искористена. Сè повеќе од втора шанса е премногу. Обично оние на кои им требаат повеќе шанси не се добри луѓе или се луѓе кои не се грижат за тебе.

Ги поместуваш критериумите за да се прилагодиш на дечкото

Не ги намалувај критериумите и не поместувај ги границите поради некој што го познаваш кратко или со кој имаш кратка врска. Одлично е што си подготвена да се согласиш на компромиси, но во некои работи нема место за компромиси. Кога премногу ги намалуваш критериумите и ограничувањата, големи се шансите да завршиш со лузер.

Главната работа што ја сакаш кај дечкото е да има пари

Парите не се квалитет што треба да го бараш кај дечкото. Честопати, оние кои бараат такви девојки не се многу фини и љубезни.

Се правиш недостижна

Кога ќе се преправаш дека си недостижна, ќе ги избркаш сите добри и фини момци. Нема да се туркаат околу тебе акод аваш знаци дека не си заинтересирана, бидејќи токму така ќе изгледаш доколку се однесуваш како недопирлива. Ќе останат само момци кои не знаат што значи „не“, а дали навистина сакаш некој таков за дечко?

Паѓаш на момчиња кои имаат проблеми

Мислиш дека ќе бидеш онаа чија љубов ќе го спаси и поправи. Иако девојките знаат вака да привлечат момци, а во филмовите ваквите врски стануваат бајки, во реалноста тоа не е најчестото сценарио што се случува. Можеби не е тој виновен што има проблеми, но не си ни ти должна да му ги решаваш.

Се преправаш дека си сосрема друга личност за да му се допаднеш повеќе

Најдобар начин да привлечеш одлична личност е да бидеш вистинската ти. Ако не му се допаѓа тоа, тогаш не е за тебе. Кога се преправаш дека си некој што не си, ќе привлечеш тотално погрешни момци.

Мислиш дека сите момчиња се лоши

Ако автоматски мислиш дека сите момци се лоши и дека веќе никој од нив не е добар, тогаш нема ни да очекуваш дека ќе бидат добри и ќе се согласиш да се гледаш со момци кои се кретени. Има добри момци, немој да мислиш дека сите се исти.

Не кажуваш отворено што навистина сакаш

Ако сакаш сериозна врска, тогаш немаш причина секој викенд да го поминуваш со момче кое ти кажало дека не го сака тоа сега. Кажи му отворено каква врска сакаш и каде се гледаш за 5 години, па ако не се согласувате, раскинете.

Премногу си добра за свое добро

Иако ова е за пофалба, за жал, денес често се искористуваат луѓето кои се многу добри. Продолжи да бидеш добра личност, но грижи се за себе и не им верувај слепо на сите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе