Зошто секогаш треба да возите наспани?

Експертите со години предупредуваат дека ненаспаноста кај возачот е подеднакво опасна како и алкохолизираноста, а најновата студија носи нови созданинија за овој проблем. Непрофитната организација AAA Foundation for Traffic Safety сега објави нови резултати за истражувањата поврзани со недостатокот на сон кај возачите.

Фондацијата ги испитувала податоците за сообраќајните несреќи кои се случиле во периодот меѓу 2005 и 2007 година, а истражувањето опфатило 7.234 возачи кои учествувале во 4.571 сообраќајна несреќа во тој период.

Резултатите покажале дека кај возачите кои претходната вечер спиеле 6-7 часа, постои 1,3 пати поголем ризик да предизвикаат сообраќајна несреќа, за разлика од оние кои спиеле 7 или повеќе часа.

Оние кои спиеле 5-6 часа имаат 1,9 пати поголема опасност да предизвикаат сообраќајка во однос на оние што имале седумчасовен сон, додека кај оние што спиеле помалку од 5-6 часа опасноста од сообраќајка е 4,3 пати поголема.

Ризикот драстично се зголемува, ако претходната вечер спиел помалку од 4 часа. Истражувањето покажало дека оние кои спиеле помалку од 4 часа имаат ризик да предизвикаат несреќа до 11,5 пати поголем од оние што спиеле барем седум часа.

„Најновото истражува покажува дека возачот што претходната вечер спиел помалку од пет часа, статистички има исти шанси да предизвика судар како и оној што седнал зад воланот во алкохолизирана состојба“ - вели првиот човек на фондацијата, Дејвид Јанг.

Нивното истражување покажало и дека еден од тројца возачи признал дека во претходниот месец, барем еднаш возел во состојба да му се затвораат очите од ненаспаност.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе