Зошто сексот со бившиот сопруг истовремено е добра и лоша идеја?

Разводот на бракот може да биде емоционално тежок. Доколку не сте се развеле поради некоја трета личност, не сте нашле друг партнер, а со бившиот сте останале во коректни односи, не би требало да ве чуди ако повремено ви падне на ум да имате секс со него.

Тука секако се физичките потреби, но многу луѓе по разводот повторно наоѓаат утеха во поранешниот партнер поради страв од непознатото и новото, пишува Psychology Today.

Како што тврдат научници од Универзитетот Нортвестерн: „Оргазмите се толку добри бидејќи сексуалната стимулација го остава мозокот во променета состојба на свеста, блокира сè останато и овозможува луѓето да се фокусираат исклучиво на сензацијата“.

Сексот ослободува неврохемиски супстанци кои создаваат емоции, чувство на приврзаност, па дури и љубов. Сексот станува поугоден и повеќе страстен кога го практикувате со бившиот бидејќи таа врска меѓу вас веќе постои.

„Враќањето на бившиот во сексуална смисла засекогаш ќе остане феномен“, вели Ендру Хоуп, експерт за секс и врски. „Не мора да бидете во иста соба со поранешниот љубовник или сопруг, но и понатаму ќе чувствувате некаква врска со него“.

Но, сексот со бившиот партнер не е секогаш добра идеја. Еве зошто:

1. Сексот нема да биде толку добар како претходно

Нема добар секс без некој вид емоционална врска. Без разлика на тоа колку бил добар пред да се разведете, сега нема да биде така бидејќи врската које з

2. Сексот нема да иницира повторно вљубување

Љубовта бара  многу повеќе од секс, потребно е заемна почит и желба туѓите потреби да ги ставите пред вашите. Ако ова постоело меѓу вас очигледно немало да се разведете.

3. Може да ги повредите децата

Ако веќе сте се развеле и децата минале низ тој вид семејни промени, немојте да ги збунувате со што повремено ќе се гледате за секс. Голема е веројатноста децата да сфатат дека тато и мама се повторно заедно, што суштински не одговара на вистината. Тој факт може да ги повреди децата, исто како и одлуката за развод, без разлика колку е цивилизиран.

4. Ризикувате да ја загубите самопочитта

Без разлика на тоа колку се трудите да го прикажете тоа како „само секс“, на крајот едната страна ќе почне да го доживува како нешто друго.

На крајот повторно некој ќе остане со скршено срце, соочен со осаменост и без самопочит. Размислете добро дали сакате да минете низ тоа, без разлика колку е добар сексот.

реклама

Љубов и секс

Како работата може да предизвика еректилна дисфункција?

Read more

Што ви се случува во телото ако имате секс секое утро во текот на 30 дена?

Read more

Како природно да го подобрите сексуалниот нагон?

Read more

Венера денеска влегува во Скорпија: Ја потпалува љубомората, ги враќа бившите

Read more

Магазин

Како да се одржат резултатите од губењето тежина на долг рок

Читај повеќе

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Читај повеќе

Алерголог советува што почесто треба да менувате во спалната соба

Читај повеќе

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Читај повеќе

Од аеродром до центар за само 15 минути: Најдобрите градови за кратко есенско патување

Читај повеќе

Како Италијанците почнале да пијат кафе секој ден: Од еспресо до ритуал што трае над 100 години

Читај повеќе
  • filter

Дали балканските лидери се сликале со картонски Доналд Трамп во Њујорк?

Читај повеќе

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Читај повеќе