Зошто Шпанците ставија црвена лента на „патот на смртта“?

Патот А-355, кој ги поврзува Коин и Марбеља во Шпанија, со години е познат по сериозни сообраќајни несреќи, а само во 2023 година на него загинаа 10 луѓе.

Познат е и како „пат на стравот“ и „пат на смртта“. За да ја зголемат безбедноста, локалните власти воведоа црвена лента во центарот на патот што дополнително ги нагласува постојните цврсти бели линии за забрана за престигнување.

Црвената лента, широка приближно 30 сантиметри, не е обична ознака на патот. Нејзината впечатлива боја, во комбинација со звучни сигнали, обезбедува јасно визуелно и звучно предупредување за возачите, намалувајќи го ризикот од преминување во спротивната лента. Оваа мерка е дел од поширокиот пакет безбедносни подобрувања што опфаќа поставување камери за брзина, подобрена сообраќајна сигнализација, рефлектирачки ознаки и можно проширување на коловозот на одредени делници.

Од воведувањето на црвената линија значително е намален бројот на тешки сообраќајни незгоди, јавуваат локалните медиуми. Според податоците на шпанската Генерална дирекција за транспорт (DGT), ваквите мерки на регионалните и локалните патишта го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи за дури 30%.

Шпанија сака да го преполови бројот на фатални несреќи

Успешноста на оваа мерка го привлече вниманието на другите региони, кои размислуваат да ја воведат на своите патишта. Астурија, на пример, веќе го примени овој метод на патот „Коредор дел Налон“ (AS-117), кој исто така има долга историја на сериозни несреќи. Таму црвената линија дополнително се комбинира со ограничување на брзината и поставување на радари.

Повеќе од 1.145 луѓе загинаа на шпанските патишта во 2023 година, принудувајќи ги властите да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста. Оваа иницијатива е дел од Стратегијата за безбедност на патиштата, која има за цел да го преполови бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици до крајот на деценијата.

Црвената линија не само што е ефикасна за намалување на брзината, туку и за спречување на опасното претекнување. Според DGT, оваа ознака создава психолошки ефект што ги поттикнува возачите да бидат дополнително внимателни.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Авто новости

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Read more

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Read more

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Read more
 

Автомобили

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Читај повеќе

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Читај повеќе

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Читај повеќе
  • filter

Роботското такси на Маск пристигнува во април - без волан и педали

Читај повеќе
  • filter

Екран до екран: Поглед во новиот Mercedes GLB

Читај повеќе

Xiaomi не може да ја задоволи побарувачката за е-автомобили

Читај повеќе
  • filter

Renault Megane се враќа на бензин

Читај повеќе