Зошто Шведска нема „втор бран“ на COVID-19?

Андерс Валенстен, заменик на водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, изјави дека Шведска „има некаков вид имунитет“, но дека постигнувањето „имунитет на стадо“ никогаш не била нивна цел.

Валенстен вели дека Шведска немаше втор бран на зараза со коронавирусот благодарение на тој стекнат имунитет и затоа во моментов немаат драстичен скок на бројот на нови случаи, како што е случајот во Велика Британија, Шпанија, Франција и Италија.

Тој изјави дека имунитетот на стадо никогаш не бил нивна цел, и покрај фактот што шведските власти тоа го посочувале во многу наврати уште од почетокот на пандемијата.

Валенстен вели дека Швеѓаните не се замориле од ограничувањата затоа што биле исти од почетокот на пандемијата и дека на тој начин било одбегнато да се создаде конфузија кај населението.

За разлика од другите земји, Шведска немаше целосно ограничување на движењето, наместо тоа тие се потпираа на личната одговорност на граѓаните, а баровите, училиштата, рестораните и другите објекти останаа отворени.

Д-р Андерс Тегнел ја водеше нацијата низ пандемија, а среде хаосот тој изјави дека „светот полуде од затворање“. Исто така, во јавноста „протекоа“ комуникации преку е-пошта во кои се откри дека Тегнел прашувал дали би била прифатлива повисока смртност кај старите лица ако тоа доведе до побрзо стекнување на имунитет на стадото.

Валенстен сепак вели дека ограничувањата во Шведска се исти цело време и дека тоа можеби е причината зошто немаа огромен скок на бројките во последните месеци.

„Имаме исти ограничувања цело време и можеби затоа не гледаме големи промени - затоа што трансмисијата е ограничена на ист начин. Секако, бидејќи знаеме дека имавме многу заразувања во Шведска, некои луѓе се стекнаа со имунитет и можеби тоа го забавува ширењето на вирусот во овој период, особено во некои делови каде имаше повеќе заразени лица“, рече Валенстен.

Тој исто така посочува дека Швеѓаните не се обесхрабрени и уморни од ограничувања.

„Сметаме дека замореноста од пандемијата претставува проблем. Досега сфативме дека луѓето ги следат нашите препораки и им веруваат на службите. Досега беше многу добро и ќе остане така. Луѓето можат да ги прифатат балансираните препораки што имаат смисла, па полесно им е да ги применат на долг рок“, вели тој.

Валенстен исто така тврди дека „имунитетот на стадо“ никогаш не бил дел од стратегијата на Шведска.

„Од почетокот, се обидовме да обезбедиме нашите болници да се справат со ситуацијата и да ги заштитат старите лица и ранливите групи. Тоа беше нашата главна цел, но имавме многу заразени лица за време на пандемијата во Шведска. Сега тоа, секако, генерира имунитет. Никој не знае колку време е потребно да се стекне имунитетот на стадо и колку трае тој имунитет, така што тоа не би било многу паметна цел. Имаме доза на имунитет благодарение на начинот на кој се справивме, но тоа не беше целта “, заклучи тој.

На почетокот на пандемијата, научниците проценија дека најмалку 70% од населението ќе мора да биде имуно на коронавирусот за да се зборува за имунитет на стадо. Всушност, оваа шема изгледа прилично недостижна бидејќи антителата не траат вечно.

Шведска имаше многу повеќе смртни случаи од последици од COVID-19 во споредба со соседните земји - починаа 5.918 луѓе, за разлика од Норвешка, каде починаа 278 и Финска - 346.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе