Автомобили

Зошто сината боја доминира меѓу луксузните модели на автомобили?

28. февруари 2020 - 18:20 | М.С.

Определени нијанси се заштитен знак на престижните брендови на автомобили.

Од вкупниот број на продадени Lincoln автомобили, 10% од нив се во сина боја.

Бојата на автомобилите може да биде впечатлив симбол. На пример, црвената боја на Ferrari Rosso Corsa е најдобар пример за тоа, Audi RS популарноста ја стекна во сиво издание, а Lamborghini е познато по жолтата боја.

Еден од примерите е Lincoln кој е познат по впечатливата сина боја.

Нијансата fight blue е заштитен знак на Lincoln.

Психологијата на бои влијае на однесувањето на луѓето. Црвената боја е симбол за страст и возбуда, па е популарен избор кога станува збор за брзите автомобили. Дизајнерите на Lincoln пак, сакаат да го нагласат луксузот својствен за производите на нивната компанија.

„Сината боја е симбол за смиреност и елеганција“, објаснува извршната директорка на автомобилската компанија.

Lincoln своите модели ги нуди во пет нијанси сина: Chrom Crystal, Blue Diamond, Flight Blue, Artisan Blue и Rhapsody.

Коментирај