Архитектура

Зошто сивата боја е хит во уредувањето ентериери?

20. јануари 2020 - 11:44 | М.С.

Доколку сте љубител на уредување на ентериер, веројатно сте забележале дека сивите тонови станаа едни од омилените кога станува збор за неутралните бои.

Земјените тонови и понатаму се најзастапени во домовите, но сивата е вистинско освежување коешто се чекаше долго време.

Се ближи пролетта и многумина од вас размислуваат за реновирање на станот. Не е лесно да изберете боја за ѕидовите, мебел и детали за да просторот изгледа пријатно и убаво. 

Треба размислувате за долгорочни решенија и да бидете практични, па затоа ви предложуваме да изберете сива боја.

Некои од главните предности е тоа што е лесна за одржување, а може да ја  комбинирате и со други нијанси.

За почеток, откријте ги сите сиви тонови коишто постојат, за да не доминираат само сиви темни тонови во просторот. Доколку не сте многу стручни за уредување на ентериер, посоветувајте се со дизајнер на мебел и ентериер, бидејќи многу често се случува две сиви нијанси да не се компатибилни, па крајниот резултат ќе биде лош.

Една од идеите како да ја разбиете монотонијата е да ја комбинирате сивата боја со розови, жолти или сини тонови. Исто така, црно-белите детали на секоја просторија ѝ даваат оригинален печат.

Коментирај