Зошто сме нервозни кога сме гладни?

Веројатно барем неколку пати сте почувствувале лутина или нервоза кога сте биле гладни, феномен во кој луѓето стануваат мрзоволни и нетрпеливи кога ќе огладнат.

Ве боли стомакот, ви се врти и телото е целосно исцрпено. Не само што ова е непријатно чувство, туку може да доведе до прејадување со храна со помала хранлива вредност.

Кога стомакот е празен, тој ослободува грелин, хормонот на гладот. Грелинот се произведува во цревата како одговор на стандардниот распоред на оброци и самиот поглед или мирис на храната, а делува така што му сигнализира на мозокот дека на телото му треба повеќе енергија или храна.

Нивото на допамин се намалува

Улогата на грелинот во контролирањето на центарот за наградување на мозокот е доста моќна и може да биде еден од факторите кои придонесуваат за исцрпеност додека сте гладни. Според студијата објавена во списанието Neuropharmacology, кога истражувачите стимулирале глувци со системски грелин, но всушност не им дале храна, нивото на допамин во нивниот мозок паднало.

Бидејќи допаминот е невротрансмитер кој помага за подобрување на менталната функција и концентрацијата, дури и мала промена во неговото ниво може да влијае на способноста за концентрирање. Понатаму, овој невротрансмитер е задолжен и за држење на емоциите под контрола, па полесно ќе се налутите поради глад.

Истиот ген ги контролира гладот ​​и гневот

Друга причина зошто сте лути кога сте гладни е исто така поврзана со хормонот на гладот. Штом грелинот се произведува во цревата и патува до мозокот, мозокот потоа наредува ослободување на друг хормон наречен невропептид Y, кој го стимулира апетитот.

Според една студија објавена во списанието Biological Psychiatry, луѓето со високо ниво на невропептид Y во цереброспиналната течност биле поагресивни и импулсивни.

На мозокот му недостасува храна

25 проценти од енергијата што ја внесувате со храната се користи само за вашиот мозок. Така, кога шеќерот во крвта ќе ви се намали, може да почувствувате недостаток на ментална острина.

Нивото на хормонот на стрес се зголемува

Ако нивото на шеќер во крвта опадне, мозокот тоа ќе го сфати како ситуација опасна по живот. Потоа ќе им наложи на органите да почнат да синтетизираат и ослободуваат хормони кои ќе го стимулираат порастот на шеќерот во крвта.

Овој ефект, наречен контрарегулаторен одговор на гликоза, предизвикува вашето тело да го зголеми производството на хормони кои директно може да сигнализираат за конверзија на складираниот гликоген во гликоза, како што е хормонот глукагон, но и неколку видови на хормони на стрес. Овие хормони на стрес се ослободуваат во сите видови на стресни ситуации, не само кога сте гладни, пишува на страницата Eat This, Not That.

Тагови
реклама

Живот

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Read more

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Read more

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Read more

Како полесно да се разбудите во тмурните утра?

Read more
 

Магазин

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Читај повеќе

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Читај повеќе

Дали „прегорувате“ во теретана?

Читај повеќе

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Читај повеќе

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Читај повеќе