Благодарение на развојот на технологијата научниците се во можност да ја проучуваат активноста на мозокот во текoт на спиењето.
Но, зошто сонуваме кошмари?
Швајцарските и американските научници извршија експеримент во кој се обидуваа да најдат одговор на ова прашање.
Според нивното мислење, ова е еден вид на тренинг на нервниот систем кој му помага на човекот да се избори со негативните емоции коишто секојдневно му се случуваат во животот.
Она што го чувствуваме во сонот ни помага да бидеме подготвени за можните стресни ситуации во иднина.
Благодарение на одговорите на испитаниците, откриено е дека постојат две области во мозокот кои се одговорни за кошмарите. Тоа се инсулата и среден мозочен кортекс.
Научниците, исто така открија дека луѓето коишто подолг временски период имаат кошари, помалку се нервираат за негативните искуства коишто им се случуваат во вистинскиот живот, пишува Brightside.
Досега ни стана јасно дека сме загрижени кога нашата потсвест се обидува да ни помогне во решавањето на некој проблем.
Освен тоа, не знаеме многу за соновите и за начинот на кој тие влијаат на нашиот живот, и за тоа дали нашата потсвест преку соновите се обидува да комуницира со нас.