Зошто стапката на смртност од COVID-19 сè уште е „непозната“?

Научниците во Франција проценуваат дека стапката на смртност од COVID-19 во земјата паднала за 46 проценти до крајот на јули во споредба со крајот на мај.

Причините се главно правењето повеќе тестови, подобрената медицинска нега и зголемениот удел на заразени кај помладите луѓе кои имаат помала веројатност да развијат тешка форма на болеста.

Бројот на смртни случаи од COVID-19 во светот достигна еден милион, но експертите сè уште се обидуваат да ја најдат клучната метрика во пандемијата: стапката на смртност или процентот на луѓе заразени со патогенот кои умираат.

Како се пресметува стапката на смртност?

Вистинската стапка на смртност би ја споредила смртноста со вкупниот број на заразени, што останува непознато бидејќи е тешко да се измери целиот обем на асимптоматски случаи.

Многу луѓе кои се заразуваат едноставно немаат симптоми. Научниците рекоа дека вкупниот број на заразени е експоненцијално поголем од актуелниот број на потврдени случаи, што сега на светско ниво изнесува 33 милиони луѓе.

Многу експерти веруваат дека коронавирусот веројатно убива од 0,5 до 1% од заразените, што го прави многу опасен вирус на глобално ниво сè додека не добиеме вакцина.

Истражувачите почнаа да го расчленуваат овој ризик по возрасни групи, бидејќи има сè повеќе докази дека помладите луѓе и децата имаат далеку помала веројатност да развијат тешка форма на болеста.

„Стапката на смртност кај луѓето на возраст под 20 години е веројатно еден на 10.000, а кај луѓето постари од 85 години е приближно еден од шест“, вели д-р Кристофер Мари, директор на Институтот за здравствена метрика и проценка при Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Падот на стапката на смртност е евидентен кога се мери врз основа на бројот на нови инфекции потврдени со тестирање на коронавирусот. На места како Соединетите Американски Држави, таа „стапка на смртни случаи“ драматично опадна од 6,6 проценти во април, на нешто повеќе од 2 проценти во август, според статистиката на Reuters. Но, експертите велат дека падот во најголем дел бил поттикнат од пообемното и пошироко тестирање во споредба со првите денови на пандемијата, откривајќи повеќе луѓе кои имаат лесна форма на болеста или немаат никакви симптоми.

Подобрувањата во лекувањето на критично болните пациенти и заштитата на некои од највисоките ризични групи се исто така одговорни за зголемување на стапката на преживеани, односно излекувани пациенти.

„Сега сме многу посвесни за потенцијалните компликации и како да ги препознаеме и третираме“, вели д-р Емиш Адалја од Универзитетскиот центар Џонс Хопкинс во Балтимор.

„Ако веќе треба да сте пациент со COVID-19, подобро е да го имате вирусот сега, отколку да сте го имале во март“, вели тој.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе