Стјуардесата Јоана Иахим на социјалните мрежи откри зошто ги поздравува патниците додека се качуваат во авионот. Не се работи само за љубезност.
Членовите на екипажот на лет ги анализираат патниците за да утврдат дали некој е премногу пијан или болен за да се качи. Видеото е прегледано повеќе од три милиони пати на TikTok и има речиси 200.000 лајкови.
@ioanaiachim Did you know? #fyp #cabincrew #cabincrewlife #airbus #flightattendant #flightattendantlife #crewlife #iamwizzcrew #fy #foryou #flightattendanthairstyles #dayinmylife #cabincrewhairstyle #CapCut ♬ Apple - Charli xcx
Многу корисници на споменатата социјална мрежа изјавија дека тоа не им паднало на памет.
„Мислев дека сум само се фини со сите“, „Малку сум изненаден од оваа информација“, „Од сега па натаму морам да бидам повнимателен“, се дел од коментарите.
Неодамна, друга стјуардеса, која на социјалните мрежи се претставува како г-ѓа Мива, изјави дека има уште една причина зошто ги поздравуваат патниците - се обидуваат да проценат дали сте способни да им помогнете на другите патници во итен случај.