Зошто стрелките на часовникот се поместуваат во есен и пролет?

За да разбереме дали денес има смисла да се поместуваат стрелките на часовникот во пролет и есен, прво треба да се потсетиме како и зошто тоа воопшто и се случило.

За викендот на 29 и 30 октомври, уште еднаш ќе го вратиме часовникот назад и ќе можеме да спиеме за 60 минути подолго со почетокот на зимското сметање на времето. Сепак, многумина ќе се запрашаат зошто го правиме ова и која е целта на сето тоа. Некои од главните мотивации се заштедата на енергија по есенската рамноденица и можноста да уживате во повеќе сончева светлина. Но, дебатата за промената на времето се интензивира во последните години и се поставуваат многу прашања колку со ова се заштедува и дали промената има некаков ефект.

Потеклото на промената на времето

Политичарот, научникот и пронаоѓачот Бенџамин Френклин во 1784 година беше првиот што предложи промена на времето поради мерки за заштеда на енергија. Тоа го направил додека бил амбасадор на Соединетите Американски Држави во Франција, бидејќи станувал во 6 часот наутро и кога ќе погледнел низ прозорецот гледал во сонцето кое веќе силно сјаело. Верувал дека многу часови светлина се изгубени на овој начин бидејќи луѓето морале да палат свеќи навечер за да продолжат да работат во темница. Сето тоа го натерало да испрати писмо до The Journal of Paris, во кое предложил неколку мерки за заштеда на енергија и напишал текст кој значително ќе влијае на промените во оваа работа во иднина.

На почетокот на XX век, Вилијам Вилет, кој го јаваl својот коњ по појадокот рано наутро, дошол до сличен заклучок и сфатил дека лондончаните спијат додека надвор е бел ден. За промената да не биде премногу ненадејна, предложил таа да се воведува постепено и да се зголемува за 20 минути неделно.

Поместување на стрелките во САД во 1918 година

Неговиот предлог не бил земен предвид, главно поради сложеноста на процесот. Но, и покрај тоа, двете идеи служеле за да се донесе првата официјална промена на времето во САД во 1916 година. Две години подоцна, промената на времето станала регулирана со закон во оние сојузни држави кои решиле да го почитуваат, така што за време на Втората светска војна, владата ги принудила сите нејзини членки да воспостават летно сметање на времето за да заштедат ресурси и енергија.

Дали има поента?

За време на воведувањето на промените, како главна причина биле наведени економските придобивки, но многумина се прашуваат дали тоа и денес има цел и до кој степен. Експертите тврдат дека кога ќе се земе предвид целиот ден, еден час заштеда рано наутро нема никаков ефект, особено ако се знае дека светлата ќе се палат час порано попладне, а дека во некои компании вештачките светилки работат цел ден. И додаваат дека е неопходно да се спроведат силни мерки за заштеда на енергија преку обновливите извори на енергија.

Исто така, често можете да слушнете примери како, иако промената на времето во есен и пролет е традиција во Европа, многу земји како Белорусија и делови од Русија - не го прават тоа. Русија воведе промена на времето во 1917 година, но таа мерка траеше само пет месеци, потоа повторно стапи на сила во 1981 година и траеше до 2011 година, кога конечно беше укината. Додека, на пример, Јапонија никогаш не ни размислувала за воведување на оваа мерка.

реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Вести

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Read more

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Read more

Најголемата соларна термална платформа во Европа никна во Белгија

Read more

Во САД се отвора првата фабрика за производство на хуманоидни роботи

Read more
 

Гик

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Читај повеќе

Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Читај повеќе

Најголемата соларна термална платформа во Европа никна во Белгија

Читај повеќе
  • filter

Археолог случајно ја откри најстарата дрвена градба, направена пред 500.000 години

Читај повеќе