Зошто стресот дебелее?

Знаеме што е она што дебелее: јадеме повеќе калории отколку што согоруваме. Иако ова е точно, пак не одговара на уште поинтересното прашање – зошто воопшто се прејадуваме?

Ошто понекогаш чувствуваме незапирлив нагон да изедеме парче торта или чоколадо иако знаеме дека неколку минути ќе се каеме за тоа?

Дали станува збор за стрвност, или нешто друго е во прашање?

Иако самоконтролата е важна, има сѐ  повеќе докази што укажуваат дека стресот игра голема улога во дебелеењето.

Хроничниот стрес го пореметува спиењето и нивото на шеќер во крвта, а тоа води кон зголемено чувство на глад и јадење за да се смириме.

Тоа пак води кон ново пореметување на сонот, уште повисоко ниво на стрес и уште попореметени нивоа на шеќерот во крвта. Со тек на време, тоа придонесува за нездраво ниво на масни наслаги, но и за појава на дијабетес тип 2.

За да открие што точно се случува, доктор Гил Јео заедно со група научници од Универзитетот Лидс направи експеримент во кој се стави во исклучително стресни ситуации во текот на еден ден.

Научниците прво побарале од него да го направи т.н. Мастрихт стрес тест.

Го седнале пред компјутер и му дале математичка задача што морал да ја реши брзо – да го одземе бројот 17 од бројот 2.043. Постојано правел грешки, што за некого како Јео е многу стресно.

Потоа му рекле да ја стави дланката во сад со вода со мраз и да ја држи внатре. Пред и по овие тестови му било мерено нивото на шеќер во крвта.

Нивото на шеќер се покажува кога јадеме и кај здрави луѓе, како Јео, за кратко време се враќа назад во нормала.

Меѓутоа тимот научници открил  дека денот кога Јео бил намерно ставен под стрес, му биле потребни три часа за да му се врати нивото на шеќер во крвта во нормала, што е шест пати подолго отколку во денови кога не бил под стрес.

Причината зошто се случува ова е бидејќи кога сте под стрес, телото се става во позиција „бори се или бегај“. Телото мисли дека е нападнато и лачи глукоза во крвта за да им даде енергија на мускулите. Меѓутоа, ако не ви треба енергија за да побегнете од опасноста, панкреасот ќе почне да лачи инсулин за да го врати во нормала нивото на шеќер во крвта.

Ова покачување на нивото на инсулин и намалување на нивото на шеќер ќе ве огладне, што е причината зошто посегнуваме по јаглехидрати, односно нешто благо, кога сме под стрес.

Слично нешто се случува кога лошо спиете.

Едно неодамнешно истражување покажа дека кога не сме доволно наспани, внесуваме во просек дополнителни  385 калории дневно, што е еднакво на еден голем мафин.

Докторите препорачуваат пред сѐ да сте убаво наспани. По тоа се подразбира квалитетен, цврст, непрекинат ноќен сон од најмалку 7 часа.

Потоа, почнете да применувате техники за ослободување од стресот, како медитација, физичка активност, јога или работа во градина.

Пробајте да е ослободите од стресот со некоја од овие три мобилни апликации.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе