Зошто сум горда феминистка?

Верувам во феминизмот како движење што се бори за еднакви права на мажите и жените. Феминизмот што ми треба не знае за супериорност.

Гордо се идентификувам како феминистка бидејќи верувам дека борбата сѐ уште трае, бидејќи за пошироката јавност зборот „феминизам“ уште носи негативен предзнак, бидејќи верувам дека „феминизам“ не е лош збор.

 

Феминистка сум бидејќи имаме уште пат до преиспитување и соборување на патријархатот и неговите вредности кои сѐ уште мажоцентрично ги диктираат политиките.

 

Феминистка сум бидејќи верувам дека еднаквоста почнува од домот, каде треба исто да ги воспитуваме машките, женските деца и оние кои се чувствуваат понаку, да им ги овозможиме истите права, слободи и пристап до образование, работни места и управувачки позиции.

Феминистка сум бидејќи верувам во еднаквоста на луѓето, еднаквост што не познава пол, род, раса, националност, религија, сексуална ориентација, туку само луѓе.

 

Феминистка сум бидејќи верувам дека не треба да замижуваме и замолчуваме пред родово базираната неправда и насилство, без разлика на кој род припаѓаме. Насилство е насилство. Феминистка сум бидејќи случаи како „Јавна соба“ уште се влечат низ лавиринтите на службите наместо да бидат решени пред да настрадаат уште девојки и жени. Феминистка сум бидејќи и во општество соочено со случај како „Јавна соба“ ниту една јавна политичка личност, ни мажи, ни жени, не излегоа веднаш со осуда на делото и барање правда.

 

Феминистка сум бидејќи уште го користиме изразот „мажот помага“ во домашните обврски и воспитувањето на децата и тоа го сметаме за достигнување. Тоа е и негов дом и тоа се и негови деца.

 

Феминистка сум бидејќи сакам да гледам како расте бројот на мажи феминисти кои согледуваат колку е штетен патријархатот и со своите дела и постапки покажуваат дека не се сметаат за супериорни над жените или повредни од нив врз основа на полот. Феминистка сум за сите мажи кои ќе се побунат кога колешката која работи на иста позиција зема помала плата.

Феминистка сум бидејќи додека не ја избориме борбата за еднаквост меѓу мажите и жените, како ќе ја водиме борбата за еднаквост по други основи? Феминистка сум бидејќи не сакам да израсне уште една генерација деца кои не го добиле разбирањето, прифаќањето и негувањето на нивната различност.

 

Феминистка сум бидејќи уште владее менструална сиромаштија и нема бесплатни хигиенски производи достапни во училиштата, факултетите и на јавни места, додека расте „розовиот данок“ на „женски“ производи.

 

Феминистка сум бидејќи родово базираното семејно насилство се смета за „семеен проблем“, а не кривично дело.

 

Феминистка сум бидејќи ни се потребни повеќе жени донесувачи на одлуки бидејќи донесуваме одлуки за сите, вклучувајќи ги и жените.

 

Да, јас сум горда феминистка и верувам во еднаквост што ќе создаде еден поправичен свет. Како тогаш се разликувам од тебе?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе