Зошто СЗО не прогласува пандемија?

Епидемијата со новиот корона вирус Covid-19 веќе не е проблем само во Кина – се шири низ Европа со голема брзина, а поголемиот број заразени се поврзуваат со Италија каде има над 300 позитивни на вирусот, а 11 починаа.

Земјите ширум светот засилено се подготвуваат за заштита од евентуално ширење на корона вирусот од кој досега починаа 2.763 лица, а се заразени 80.970. Со оглед на тоа дека се пријавени случаи во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Африка и Австралија, а вирусот сѐ побрзо се шири низ Европа, многумина се прашуваат зошто Светската здравствена организација не прогласува пандемија?

Пандемија, што доаѓа од грчките зборови „pan“ (сѐ) и „demos“ (луѓе), е термин што експертите за болести го користат кога епидемијата на одредена болест ќе се прошири во повеќе земји и на повеќе континенти истовремено. Иако самиот збор „пандемија“ звучи страшно, се однесува само на ширењето на болеста, а не на смртоносноста на болеста или колку е тешка. Пандемија значи дека болеста е широко распространета, во повеќе земји и континенти и има зафатено голем број луѓе.

Болеста мора да биде заразна за да се прогласи пандемија на таа болест. За споредба, од рак боледуваат многу луѓе ширум светот, но тоа не е заразна болест, па не може да се смета за пандемија. Исто така важни се бројот и поврзаноста на случаите на заболени од вирусот, па така ако бројот на заразени со корона вирусот во Европа и САД ескалира без јасна поврзаност со случаите во Кина, ќе биде задоволена дефиницијата за пандемија.

Директорот на СЗО рече дека корона вирусот има „потенцијал да биде пандемија“, но дека засега уште не се задоволени сите критериуми.

Не се согласуваат сите со овој став.

„Мислам дека многу луѓе би ја сметале актуелната ситуација за пандемија – има активно пренесување на заразна болест од човек на човек во разни делови од светот“, вели професорот Џими Витворт од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина за BBC.

Некои научници тврдат дека светот уште пред две недели влегол во рана фаза на пандемија, а тоа укажува дека е многу тешко да се постават јасни дефиниции за состојбата, во зависност од тоа за кои делови од светот зборуваме.

СЗО беше остро критикувана за прогласувањето пандемија во 2009 година

Со наглото зголемување на бројот на случаи во Јужна Кореја, Италија и Иран, експертите веќе дискутираат колку слободно може да се користи терминот „пандемија“.

Професор Деви Сридар од Универзитетот во Единбург вели дека нејзиниот став дефинитивно се сменил во изминативе неколку дена.

„Прво беше итна ситуација во Кина, а сега епидемијата напредува во Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Италија. Вирусот е многу заразен и се шири многу брзо“, вели таа.

Според планот за подготвеност за пандемија на СЗО, реакцијата на поединечните влади на земјите ширум светот треба да биде преземање мерки за „целосна мобилизација на здравствениот систем, установи и медицински лица на национално и локално ниво“ за да се дистрибуира опрема за лична заштита“ и да се „дистрибуираат антивирусни лекови и други медицински залихи согласно националниот план“.

Тоа значи дека состојбата на пандемија ќе се одрази различно во различни земји.

Кога СЗО прогласи пандемија за грипот H1N1 во 2009 година, беше критикувана од некои земји дека се создаде непотребна паника. Поради прогласувањето на пандемија тогаш многу земји непотребно потрошија многу пари за вакцини против вирусот H1N1 кој се покажа дека е релативно лесен за контролирање.

Тогаш СЗО ги ревидираше фазите за прогласување на епидемија и сега изгледаат ВАКА.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе