Живот

Зошто треба да им зборувате на бебињата?

10. октомври 2018 - 20:20 | М.Д.

Научниците нагласуваат дека на бебињата треба да им се читаат приказни и дека треба редовно да им се зборува, бидејќи тоа ја подобрува работата на нивниот мозок.

Направени се многу истражувања кои докажаа дека децата се понапредни ако редовно им се зборува.

Децата со кои родителите најмалку зборувале поминале најлошо на тестови, односно тие деца биле зад децата кои имале подобар вокабулар.

Утврдено е дека тој хендикеп на нивното напредување во училиштето трае во наредните шест години, пренесува „ The Guardian“.

Зборувањето со бебињата помага тие да разберат како функционира и звучни јазикот, односно кој ритам го има.

Со самото тоа тие ги разбираат правилата, како и начинот на кој светот функционира.

Експерти велат дека е важно да се почне од првиот ден и е важно тоа да се одржува во континуитет за правило развивање на мозокот на бебињата.

Коментирај