Зошто треба да имате барем еден Лав во вашиот живот?

Иако за припадниците на овој хороскопски знак владее мислење дека се мајстори за драма, сакаат да доминираат и да имаат контрола, има пет прилично добри причини зошто треба да имате барем еден Лав во вашиот живот.

Поточно, еден ви е доволен.

Лојалност

Лавовите се најверните, најпреданите и најлојалните пријатели. Лавот не започнува пријателства со помислата „Нема врска ако еден ден престанеме да се дружиме“. Тие формираат пријателства на долги патеки и веруваат дека пријателствата се едни од најважните односи во животот. Затоа прават сѐ за да ги одржат, негуваат и подобруваат. Никогаш нема да дозволат некој да ги навреди, повреди, омаловажи или натажи нивните пријатели. Можеби љубовта не ја покажува на најнежен начин, но за лојалноста на Лавот нема да имате дилеми.

Амбициозност

Величествените Лавови имаат амбиција да станат подобри и поголеми од она што веќе се. Се борат со сите расположливи средства да го добијат она што го сакаат и подготвени се да го направат истото и за нивните пријатели. Лавот секогаш верува во вашиот потенцијал и го гледа најдоброто во луѓето. Го нервира неискористен талент и презира мрзеливост и одложување на обврските. За пријателите, Лавот ќе преземе ризици и ќе направи жртва, само за да успеат да ги остварат нивните цели. Лавот ќе се гордее со вас што и да правите и ќе ве поттикнува на секој следен чекор, но очекувајте и постојано да ве „подбуцнува“ да направите повеќе. Лавот исто така никогаш не заборава пружена помош – цел живот ќе ви биде на услуга во знак на благодарност.

Голема поддршка

Лавот ја шири својата позитивна енергија на другите. Дури и кога немаат елан за себе, кога станува збор за пријателите наоѓаат внатрешна сила да ги охрабрат, да ги поттикнат и да ги поддржат. Секогаш ќе бидат реални со вас, но нема да престанат сѐ додека веруваат дека има потенцијал во вас да постигнете нешто поголемо. Се водат по мотото: „Ако не пробаш, нема да знаеш“ и тоа ќе ви го кажуваат секој ден, сѐ додека и вие не дадете сѐ од себе. Лавовите сакаат да се опкружуваат со различни луѓе, па може да имате сосема различни интереси и начин на живот, а Лавот тоа ќе го поддржува и охрабрува со цело срце, само за да бидете среќни.

Забава до бескрај

Една од главните карактеристики на Лавовите е нивната потреба за внимание. Кога влегуваат во просторијата, сите погледи (мора да) се вперени во нив, а кога зборуваат сите внимателно (да) ги слушаат. Понекогаш претеруваат со забавување, но Лавовите пријатели ќе ве однесат на журка каква што не сте сонувале и ќе се забавуваат со вас до бескрај. Исто така се многу дарежливи и сакаат удобност, па ако се во можност, ќе платат за сѐ.

Страст за животот

Лавовите имаат неисцрпна енергија и огромна страст за животот. Љубопитни се и авантуристи и сакаат да искористат сѐ што им пружа животот. А тоа сакаат да го направат со најблиските – семејството и пријателите. Со пријателот Лав ќе се качите на врв на планина, ќе нурнете во подводна пештера, ќе пиете најскапо виски, ќе летате со параглајдер, ќе се пикнете во бекстејџ на концерт... Ако сакате живот исполнет со смеа, авантура, поддршка и љубов, треба да имате еден Лав или една Лавица покрај себе.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе