Зошто треба да јадете дури и кога не чувствувате глад?

Чувството на глад е добар знак дека метаболизмот ви работи, и иако е логичен, не треба да биде единствениот знак дека е време за вашиот следен оброк.

Ако јадете само кога ќе ви се исцрпат резервите на енергија и вашето тело ве моли да го храните, може да почувствувате некои последици.

Ова се неколку причини зошто треба да ги јадете оброците во приближно точно одредено време од денот, иако не чувствувате глад.

Гладувањето доведува до прејадување

Луѓето кои прескокнуваат оброци и јадат нередовно, често јадат повеќе за да ги надоместат оброците што ги прескокнале. На вашето тело му е потребна храна на секои три до четири часа за да не се забави метаболизмот и да не чувствувате пад на енергијата, летаргија и желба за нездрава храна. Колку подолго го лишувате вашето тело од храна, толку повеќе паѓа нивото на шеќер во крвта, поради што вашето тело ќе копнее по храна богата со шеќер.

Гладувањето не помага во слабеењето

Луѓето мислат дека губат килограми ако гладуваат, но доколку нивниот план на исхрана се состои од гладување, брзо ќе се откажат од него. Покрај тоа, ако гладувате, вашето тело почнува да заштедува енергија, поради што складира маснотии и троши помалку калории. Организмот „верува“ дека на овој начин се штеди и се спасува, па затоа се обидува да остави што е можно повеќе енергија за подоцна.

Понездраво се храните

Кога сте гладни, најверојатно ќе посегнете по првото нешто што ќе ви дојде при рака, како што е чоколадо или друга храна што изобилува со шеќери за да ви се крене енергијата или брза храна што најчесто е нездрава и полна со холестерол. Резултатот од таквиот начин на исхрана не е здрав живот. Стекнете здрави навики на исхрана и секогаш имајте во домот свежо овошје и зеленчук и здрави десерти.

Чиста биологија

Два хормони го регулираат гладот, грелинот кој го стимулира апетитот и лептинот кој го потиснува. Кога не јадете долго време, нивото на грелин се зголемува. И ако јадете, лептинот му кажува на вашето тело дека сте сити.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе