Зошто треба да јадете пица со колегите на работа?

Ако не ви се работи со колегите на работа, нарачајте си пица. Тоа е заклучокот на едно многу интересно истражување што беше спроведено меѓу вработените во Intel. Секако, се подразбира таа пица да ја плати некој друг (кхмм, шефот).

Според New York Magazine, пицата е одличен избор не само заради одличниот вкус, туку и е генијален мотиватор што ќе ја зголеми продуктивноста на цел колектив.

Во склоп на истражувањето, на вработените им биле праќани мејлови дека ги чека многу дополнителна работа. На едните за возврат им бил нуден паричен бонус, а на други им било кажувано дека надредените ќе им дадат редок комплимент или признание, додека на трети им бил ветен ваучер за пица.

Работата на овие луѓе опфаќа составување на чипови за компјутери. Уште во првиот ден од истражувањето се покажало дека пицата била најголем мотиватор меѓу вработените.

Продуктивноста на луѓето на кои им бил ветен ваучер за пица била зголемена за 6,7 отсто.

Речиси подеднакво било ценето уважувањето од шефот, па оние на кои им било ветено признание имале зголемена продуктивност за 6,6%.

На големо изненадување, бонусот во форма на пари бил најслаб мотиватор – продуктивноста на оваа група се зголемила за 4,9 отсто на почетокот на истражувањето и потоа се намалувала.

Оние на кои им било ветено пица или признание подолго време биле мотивирани и продуктивни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе