Зошто треба да почнете да јадете јачмен?

Јачменот се смета за една од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница.

Јачменот се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и друго.

Хранлива вредност

Јачменот е одличен извор на диететски влакна и содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во крвта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна, бета-глукан, е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.

Клиничките студии покаажале дека внесувањето јачмен со полно зрно и лушпа во исхраната, вклучувајќи јачменови житарици или јачменово брашно, овозможува најмалку 3 грама бетаглукански растворливи влакна дневно, со делотворно смалување на вкупниот и ЛДЛ холестерол. Студиите исто така покажале дека со зголемувањето на дневното внесување на овие растворливи влакна, резултира уште поголемото смалување на вкупниот и LDL холестерол.

Една четвртина чаша неварени јачменови зрна (околу една чаша варен јачмен) содржи околу 2,5 грама бета глукан растворливи влакна. Половина чаша неварени јачменови житарици содржи околу 2 грама бета глукан растворливи влакна.

Растворливите влакна се исто така корисни за намалување и апсорбирање на шеќерот и намалување на ризикот од развивање на дијабет тип 2.

Кага се во прашање нерастворливите влакна во јачменот, тие помагаат во воспоставување на редовно празнење на цревата и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од одреден облик на канцер, како што е на дебелото црево. Внесувањето храна богата со влакна може да го зголеми и продолжи чувството за ситост, што е важно за одржување на оптимална телесна тежина и превенција од гоење.

Холестерол и масти

Половина чаша јечменови зрна содржат помалку и од 0,5 грам масти и само 100 калории.

Витамини и минерали

Јачменот содржи неколику витамини и минерали вклучувајќи го ниацин (витамин Б3), тиамин (витамин Б1), селен, железо, магнезиум, цинк, фосфор и бакар.

Антиоксиданти

Јачменот содржи антиоксиданти кои се исто така многу важни за одржување на доброто здравје. Антиоксидантите делуваат така што ја намалуваат стапката на оксидациското оштетување со собирање на слободни радикали кои настануваат кога телесните келии користат кислород.

Фитохемикалии

Јачменот содржи фитохемикалии што се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболување од одредени срцеви болести, дијабетис и рак. Меѓутоа, потребни се додатни истражувања како би се потврдиле овие резултати.

Ви предлагаме неколку рецепти со кои ќе го внесете јачменот во вашата исхрана и ќе го подобрите вашето здравје.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Здравје

Колку пати на ден треба да мокрите според вашата возраст?

Read more

Во кој дел од денот треба да вежбате за намалување на шеќерот во крвта?

Read more

Што треба да јадете ако имате висок холестерол?

Read more

Што се случува со телото ако редовно пиете сок од морков и портокал?

Read more
 

Магазин

Стресот на родителите влијае на децата: Како да ги заштитите?

Читај повеќе

Колку пати на ден треба да мокрите според вашата возраст?

Читај повеќе

Како да бидете помалку зависни од мобилниот телефон?

Читај повеќе

Извршниот директор на LinkedIn споделува кој е најлошиот совет за кариерата што го слушаме цел живот

Читај повеќе

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Читај повеќе

Во кој дел од денот треба да вежбате за намалување на шеќерот во крвта?

Читај повеќе
  • filter

Од неолит до зелени градови: Набиената земја се враќа како материјал на иднината

Читај повеќе

Што треба да јадете ако имате висок холестерол?

Читај повеќе

Како до совршени колбаси благодарение на еден чекор?

Читај повеќе