Зошто треба да подготвите домашна туршија?

Правењето зимница има долга традиција на нашето поднебје и тоа е еден од најстарите начини за конзервирање овошје и зеленчук. Колку е навистина здрава и хранлива туршијата што ја подготвуваме?

Нутриционистите препорачуваат да се јаде туршија, со оглед на тоа дека во зимскиот период нема свеж зеленчук. Ферментирањето, замрзнувањето и скиселувањето на зеленчукот се најдобрите начини да го конзервирате зеленчукот и да ги задржите повеќето хранливи состојки и витамини.

 „Ако туршијата е направена на традиционален начин, со природно ферментирање на собна температура, без додавање адитиви и други конзерванси, со исклучок на сол, тогаш таа зимница е ризница на хранливи материи“, вели нутриционистот Тарик Золотиќ во прилог за Klix.ba.

Она што треба да се напомене е дека млечните бактерии претставуваат природни пробиотици и пребиотици. Пробиотиците, бактерии во нашиот дигестивен тракт, помагаат во разградувањето на храната, нѐ штитат од лоши бактерии, вируси, габични инфекции, токсини, а можат и да ги уништат канцерогените материи.

Функциите кои тие ги имаат во нашето тело се толку важни, што најверојатно не би преживеале ако нашиот систем за варење би станал стерилен.

„Самото латинско име pro bios во превод значи ‘за живот’, тоа кажува сѐ. Пробиотиците, заедно со влакната од скиселениот зеленчук помагаат да се регулира столицата, да се намалат гасовите и да се ублажат воспаленијата во цревата“, вели Золотиќ.

Со кои хранливи материи е богата туршијата зависи од тоа што ќе ставите – ако за пример ја земеме киселата зелка, во 100 грама има само 27 калории, што значи дека се вбројува во диетална храна.

Колку витамин Ц има во туршијата?

Легендата вели дека порано морнарите задолжително носеле големи буриња со кисела зелка на патувањата како превенција од опасната и смртоносна болест скорбут што се јавува поради долготраен дефицит на витамин Ц.

Во 100 грама кисела зелка има 35 милиграми витамин Ц.

Со скиселување се создаваат пробиотици, добри бактерии кои имаат многу поволно дејство на нашето тело и здравје. Киселата зелка исто така содржи ензими и влакна кои го подобруваат варењето и имаат позитивно дејство врз срцевото здравје.

Во 100 грама кисела зелка се содржат околу 35% од дневната потребна количина витамин Ц, кој е силен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и го забавува процесот на стареење.

Киселата зелка исто така е богата со витамин К кој помага за нормално згрутчување на крвта, а важен е и за здравјето на коските бидејќи овозможува таложење на калциумот во коските и спречува нивно ослабување.

Основен рецепт за туршија

Туршијата се прави со разни зеленчуци, најчесто со зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол, моркови. Во наведениот рецепт покрај овие состојки се вклучени и зелени динчиња.

Потребни состојки:

2 кг карфиол

2 кг пиперки за туршија

2 кг моркови

2 кг зелени домати

2 кг зелени динчиња

300 г сол

300 г шеќер

250 мл есенција

2+8 л вода

Количината на зеленчуци може да се менува само треба да се внимава вкупната количина да биде 10 килограми.

Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој може убаво да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот. Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот. Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот и се пази истиот да не „лета“ нагоре. Се затвора садот и за десетина дена туршијата е готова.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Рецепти

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Read more

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Read more

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Читај повеќе

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе