Зошто треба да престанете да ја одложувате посетата на гинеколог?

Одоложувањето на посетата на гинеколог може да има последици по здравјето на жената и лекарите препорачуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи рутински преглед.

Сепак дури една третина од жените го одбегнуваат одењето на гинеколог од банални причини.

Анкетата на добротворната организација Jo's Cervical Cancer Trust во која учествувале 2.017 жени покажа кои се најчестите причини, поради кои жените го одбегнуваат или одложуваат одењето на гинеколог.

Дури една третина од испитаничките одговориле дека нема да отидат на ПАП тест бидејќи немале можност да ја издепилираат интимната зона.

Чувството на непријатност од изгледот на сопственото тело е уште една од причините (35%), изгледот на вагината (34%) и мирисот на вагината (38%) се меѓу најчестите причини.

Ракот на грлото на матката е најчестиот облик на канцер кај жени помлади од 35 години. Поради тоа редовните гинеколошки прегледи се од огромна важност. ПАП тестот може навремено да ги открие промените што може да предизвикаат рак на грлото на матката. Раното откривање на болеста значително влијае на успешноста на лекувањето.

Редовните прегледи исто така ќе ви помогнат да се справите навремено со каков било друг гинеколошки проблем и ќе живеете посмирен живот знаејќи дека сѐ е во ред со вашето интимно здравје.

Со цел да ги поттикнат жените редовно да доаѓаат на прегледи и да се ослободат од чувството на непријатност, гинеколозите апелираат дека изгледот на вашата интимна зона за нив воопшто не е важен. Колку влакна имате, каков е обликот и мирисот на вагината (освен ако мирисот не е предизвикан од гинеколошки проблем што ќе ви помогнат да го решите) му е потполно небитно на гинекологот. На лекарите им е важно само вашето здравје.

Прегледот кај матичен гинеколог не се плаќа. Во основните здравствени услуги кои ги обезбедуваат избраните гинеколози, бесплатни се дијагностички прегледи со ЕХО, колпоскопија и земање брис. ПАП-тестот е бесплатен на секои три години и за него избраниот лекар ги повикува пациентите по возрасни групи, според Програмата на Министерството за здравство за скрининг за превенција и рано откривање на карцином на грлото на матката. За ПАП-тест кој е потребно да се направи еднаш годишно според медицината базирана на докази, партиципација која осигуреното лице треба да ја плати е 60 денари. Доколку ПАП-тестот е потребно да биде направен приватно, неговата референтната цена според ФЗОРСМ е 600 денари, пишува СДК.мк.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Здравје

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Read more

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Read more

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Read more

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Read more

Магазин

Колку пати дневно треба да ја храните вашата мачка?

Читај повеќе

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Читај повеќе

Трчање на лента или на отворено: Што е подобро за кондиција?

Читај повеќе

5 грешки поради кои немате напредок и ризикувате повреда при вежбање

Читај повеќе

Валкани плажи, лоши домаќини: 4 земји во кои туристите не би се вратиле ни бесплатно

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Читај повеќе

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Читај повеќе