Зошто треба да станете дарител на коскена срцевина?

Под слоганот „Дарителу, ти благодариме!“ годинава се одбележува Светскиот ден на дарување на коскена срцевина – во чест на сите оние кои спасиле живот дарувајќи коскена срцевина, а со цел подигнување на свеста на јавноста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата на матични клетки  врз животот на пациентите.

На Универзитетската Клиниката за хематологија во Скопје, која е вклучена во одбележување на овој ден, во период од три години се реализирани 190 трансплантации, од кои седум хаплоидентични трансплантации и 22 трансплантации од несроден донор, што претставува најсложена интервенција, за која во минатото пациентите биле праќани на третман во странски центри.

-Сите пациенти заслужуваат шанса да бидат излекувани со трансплантација на матични клетки. Само неколку чекори се доволни за да спасите нечиј живот. Запишете се во националиот регистарот на дарители при Институтот за имунологија, оставете само една епрувета крв и станете потенцијален дарител на коскена срцевина. Трансплантацијата за многу хематолошки болести е единствен лек. Дарувањето коскена срцевина е комплетно безбедна процедура која спасува човечки живот, вели д-р Ирина Пановска-Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија.

Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година.

Дарител во националниот регистар на дарители на коскена срцевина може да биде секој здрав човек на возраст од 18 до 50 години, само со доброволно дарување на 5 мл периферна крв, а со зголемување на бројот на доброволни дарители се зголемуваат шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите чии единствен спас е трансплантација на матични клетки.

– Стани и ти дел од големото семејство на доброволни дарители и спаси живот. Биди срцевина, биди херој, порачуваат од Универзитетската Клиниката за хематологија.

Светскиот ден на дарителите на матични клетки, 18 Септември е иницијатива на Светската асоцијација на дарители на срцевина, најголемата организација посветена на грижата за дарителите. Македонскиот регистар на доброволни дарители при Институтот за имунологија е признат член на оваа меѓународна организација.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе