Зошто треба максимално да уживате во мастурбацијата?

Не постои формула што треба да ја следите за да доживеете оргазам. Мастурбацијата ќе ве научи што ви помага за да доживеете оргазам.

Патот до оргазмот се крие во откривањето на внатрешните желби на телото, со разоткривање на телото ќе откриете како да постигнете оргазам. Некои жени постигнуваат оргазам со стимулација на клиторисот, некои со вагинална пенетрација, а некои со нивна комбинација.

Со мастурбација, жените градат сексуална самодоверба која ќе им овозможи полесна комуникација со партнерот. Ќе стекнат храброст да кажат што им се допаѓа во сексот, односно што не им се допаѓа.

„Мастурбацијата е најважниот облик на сексуална активност и можност за самодоверба во сексот. Низ мастурбацијата ќе научите што ве задоволува и што ја ослободува вашата сексуална креативност. Не мора да мислите на некој друг, ниту да се плашите од критики од партнерот, насочете се исклучиво на себе и правете го тоа што ве задоволува“, вели Бети Додсон, авторка на книгата „Sex for One: The Joy of Selfloving“.

Авторката смета дека мастурбацијата е најбезбедниот секс кој може да го имате, особено во време кога владеат болести. Многу е важно да ја практикувате и со партнерот, така подобро ќе се запознаете и ќе го зачините вашиот сексуален живот.

Мастурбацијата е безбеден начин на сексуално задоволување и во бременоста, но ги смирува и менструалните грчеви.

„Доведувањето до оргазам со мастурбација ќе ви помогне полесно да заспиете“, тврди авторката

Со мастурбацијата ќе ја засакате вашата сексуалност и нема да мора да се срамите од вашите полови органи. Дебелината и должината на пенисот кај мажите варираат, исто како и клиторисот кај жените. Обликот, големината и бојата на пенисот се менуваат, како и кај клиторисот. Врвот на пенисот или клиторисот може да биде остар, нерамен на рабовите или рамен.

Авторката советува дека сексуалните желби не треба да се воздржат. Кога ќе почувствувате желба, важно е да ја задоволите, но тоа не мора да биде веднаш. Ако ви се појава сексуална желба додека сте на работа или во момент кога не може да мастурбирате, секако задоволете ја кога ќе дојдете дома. Сексуалното задоволство ќе ве направи посреќни и поопуштени, па мастурбацијата се препорачува кога сте под стрес или кога сте пред нешто што може да ви предизвика стрес.

„Не треба да се срамите од мастурбацијата, луѓето се сексуални суштества и не се единствени кои мастурбираат. За тоа не мора да зборувате со сите, но можете со најдобрите пријатели. Тие сигурно ќе ви препорачаат нешто ново да пробате, нешто што можеби ви недостига за постигнување оргазам секогаш кога ќе посакате“, смета авторката.

реклама

Кој го вооружува Хамас?

Read more

Што може израелскиот антиракетен систем „Железна купола“?

Read more

Контроверзниот еротски филм „365 Days “ сепак ќе добие уште две продолженија

Read more

Како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија?

Read more

Љубов и секс

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Read more

Што е „развод во сон“ и дали треба да се одлучите на ваков чекор?

Read more

Пет корисни совети како да ја вратите страста во врската

Read more

Зошто женетите мажи сакаат да флертуваат?

Read more
 

Магазин

  • filter

Дизајн „боли глава“

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто е добро да одгледувате растенија во вашиот дом?

Читај повеќе

Белоглавиот мршојадец Сунчица се врати на Балканот

Читај повеќе

Австрија не признава руска и кинеска вакцина за во „зелениот пасош“

Читај повеќе
  • play_arrow

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Читај повеќе
  • play_arrow

За меки стапала - домашен спа педикир со две состојки

Читај повеќе
  • play_arrow

Принц Хари: Стисни заби и заврши си ги должностите? Не го сакав тоа

Читај повеќе

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Читај повеќе
  • play_arrow

Лосос на три начини

Читај повеќе