Зошто треба почесто да јадете тиква?

Тиквата е идеална и задолжителна есенска намирница што треба да ја вклучите во секојдневната исхрана. Богата е со лековити состојки, вкусна е и нема многу калории.

Научно е докажано дека содржи каротеноиди, заслужни за портокаловата боја, но и за многуте лековити својства на тиквата. Меѓу нив се алфа-каротен и бета-каротен, познати и како провитамини на витаминот А, бидејќи може да ги претвори во активен облик на витамин А.

Тиквата е одлична за исфрлање на вишокот вода од организмот, особено за луѓето кои страдаат од реума или воспаление на бубрезите. Дијабетичарите треба почесто да јадат тиква, како и луѓето со прекумерна дебелина. Одлична е и за оние кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево.

Меѓу зеленчукот, тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина, омега-3 масна киселина добра за здравјето на срцето. Оваа киселина се претвора во ЕПА, масна киселина со која изобилуваат рибите, а која ги намалува триглицеридите и спречува промени на ритамот на работата на срцето. Исто така, оваа киселина го намалува ризикот од појава на болести на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Тиквата содржи 90 проценти вода, лесно е сварлива, а содржи и влакна. Одлична е за оние кои имаат проблеми со варењето бидејќи го поттикнува истото и така ги смирува воспаленијата на дигестивниот тракт. Овозможува подобро функционирање на црниот дроб и жолчката, содржи ензими кои ја разградуваат маснотијата во крвта.

Тиквата може да се консумира сирова, варена, печена или пржена. Покрај меснатиот дел, се користат и семките, кои содржат 30% протеини, до 38% масло, околу 5% смола, етерично масло, шеќер, пектин и ензими.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе