Зошто треба редовно да јадете кисела зелка?

Искористете го зимскиот период кога киселата зелка е во сезона и подобрете си го имунитетот на природен начин.

Киселата зелја е извор на многу витамини, па е одличен избор за салата или прилог за речиси сите зимски јадења.

Голем извор на витамини

Освен што е нискокалорична, содржи витамин Ц, витамин К, витамин Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолат и калиум. 

Во 100 грама кисела зелка се содржат околу 35% од дневната потребна количина витамин Ц, кој е силен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и го забавува процесот на стареење.

Киселата зелка исто така е богата со витамин К кој помага за нормално згрутчување на крвта, а важен е и за здравјето на коските бидејќи овозможува таложење на калциумот во коските и спречува нивно ослабување.

Добра е за цревата

Киселата зелка во 100 грама има само 27 калории, што значи дека се вбројува во диетална храна. Со скиселување се создаваат пробиотици, добри бактерии кои имаат многу поволно дејство на нашето тело и здравје. Киселата зелка исто така содржи ензими и влакна кои го подобруваат варењето и имаат позитивно дејство врз срцевото здравје.

Пробиотиците, бактерии во нашиот дигестивен тракт, помагаат во разградувањето на храната, нѐ штитат од лоши бактерии, вируси, габични инфекции, токсини, а можат и да ги уништат канцерогените материи. Функциите кои тие ги имаат во нашето тело се толку важни, што најверојатно не би преживеале ако нашиот систем за варење би станал стерилен.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Со оглед дека 70 до 80% од нашиот имунитет зависи од здравјето на цревата и тие се во нераскинлива врска – која било храна која е добра за здравјето на цревата е добра и за нашиот имунолошки систем.

Одличен извор на влакна

Неодамнешно истражување покажа дека киселата зелка е единствена ферментирана храна за која е клинички докажано дека помага кај синдромот на иритабилни црева.

Пробиотските влакна им помагаат на добрите бактерии во цревата. Една шолја кисела зелка има 4 грама влакна.

Влијае на намалување на стресот

Докажано е дека пробиотиците управуваат со анксиозноста и депресијата. Здрави црева се основа за функционирање на целиот организам на човекот.

реклама

Здравје

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Read more

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Read more

Кога да се посомневате во проблеми со тироидната жлезда?

Read more

Што открива бојата на вагиналниот исцедок и кои се последиците ако го игнорираме?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе