Зошто „VALDA NE SUM BAKSUZ MENE DA MI SE SLUCI KORONA“ размислувањето ќе нѐ докрајчи?

Вчера наутро, додека по 12-ти пат си играв со колички заедно со син ми, решив малку да ги истегнам нозете и да ѕирнам низ прозор за да видам што се случува надвор. Пролет! Тажен сум што пандемијава ни се случува во најлошиот можен период, но ме радува тоа што нема голема раздвиженост и ако продолжиме вака, можеби и ќе ја ставиме работата под контрола до лето. Додека гледам низ прозор, си размислувам: „Добро е, на толку „трубење“ луѓево почнаа да ги почитуваат мерките за превенција“. 

Забележувам еден постар човек како лежи на клупата и од време на време поткашлува, па тегне „шлајм од петици“ и р'кнува на земја. Преку тоа, (не)свесно исфрла 289.429.229 честички од вирусот кои се лепат на клупата и уште 938.288.281 кои остануваат на земјата.

По кратко време, откако завршивме со играње фудбал во ходник и пинг-понг на масата во кујна, пак „буљам“ низ прозор за да видам каква е ситуацијата. Повторно мирно. Сега го нема и чичето од клупата. Можеби продолжил да го брка пролетното сонце и окупирал некоја друга клупа на некое детско игралиште или се упатил накај Градски Парк со јавен превоз, несвесно оставајќи уште 32.883 честички на држачите во автобусот откако си го почешал носот и дополнителни 883.223 додека плукнал на тревата во парк. 

Токму на оваа тревна ширина (на која „нема шанси да се закачи вирусот, затоа што не сме блиску до луѓе“), за 20 минути ќе седне фамилија со 3 деца за да го „искористи сонцето на овој прекрасен пролетен ден“. Во автобусот, во следните 4 часа ќе поминат околу 94 патници, кои ќе понесат со себе барем 12.838 честички од коронавирусот кој веќе се наоѓа на држачите. Одговорните и свесните патници, со голема самоконтрола и воздржување ќе се допрат само 17 пати за лице додека да дојдат дома, потоа допирајќи ја влезната врата од зградата, копчињата од лифтот и кваката од вратата на нивниот дом, оставајќи по 1.938 честички на секоја површина. Потоа, ќе си ги измијат рацете со сапун триејќи ги 20 секунди и ќе си речат: „Добро е, сѐ е под контрола. Не е толку страшно да се шета надвор се додека миеме раце“.

Денес, на вториот ден од пролетта, се размислува да се воведат рестрикции во движењето. Добро смислен „полициски час“ сигурно ќе нѐ спаси од тоа што и се случи на Италија. Без грижи, си викаме, сѐ е под контрола. Одлука за ограничување на движењето сѐ уште нема. Но, ќе биде наскоро. Токму затоа, многумина ги користат „последните моменти од слободата“ за да акумулираат што повеќе сонце и да прошетаат надвор. Секако, држењето на безбедно растојание од 2 метри е нешто што веќе сите го знаеме. Поголемиот дел од родителите кои ги гледаат децата само во периодот од 17 до 21 часот (додека не се во градинка) веќе „полудуваат“ затворени дома. „Хехе - сега ми е јасно зошто бројот за психолошка помош на родители со деца е прв во листата што ја објави Венко“. Време е за возење на тротинет - да се излуфтираме малку!

Прозорецот веќе ми стана поинтересен и од Netflix. Гледам млад брачен пар, со девојче на 4-5 годишна возраст како врти со тротинетот околу клупата на која вчера лежеше човекот кој кашлаше. По неколку минути, седнуваат сите заедно да одморат на клупата. Додека се качува на клупата, девојчето собира 28.993 честички од вирусот кој се наоѓа на асфалтот на своите патики и уште 22.339 на рацете. Се чеша за нос, си ги грицка ноктите, а потоа се гушка со тато и мама - овозможувајќи им на собраните честички од вирусот „плодна почва“ за размножување во носот и грлото. Среќни си заминуваат дома, внимавајќи да не фатат нешто валкано. Се „дезинфицираат“ со едно од 8-те средства кои ги разграбаа од маркетот пред неколку дена, си ги мијат раце 20 секунди, па се тушираат. Мора да бидат чисти, затоа што утре треба да одат кај баба и дедо на ручек. 

Не чувствуваат никакви симптоми. Единствениот симптом за сега е досадата.

„Здраво бабо, здраво дедо!“
„Јаничка, дојди да те бацнам, срце на баба!“

Два часа претходно, девојчето беше во тоалет, но не си ги изми рацете. Невидливите честички кои се на нејзините раце пренесуваат 884.322 честички врз џемперот на баба. Ширењето продолжува. 

По 6 дена почнува да ги гребе грло. Во следните 4 дена симптомите на сите почнуваат да се влошуваат. Некои ќе поминат полесно, некои потешко, некои нема да поминат воопшто.

Крајот довршете го вие, затоа што син ми повторно ме вика да си играм со него во соба. Веќе и самиот знае дека навиките се променети и дека мора да издржиме ако сакаме да ги заштитиме останатите. И ако сакаме да одиме на зимскиот одмор, затоа што летниот е одложен. Од нас зависи.

реклама

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Read more

Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Read more

Силна бура ја погоди Австралија

Read more

Теми и коментари

Медали за граѓаните кои ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19

Медали за граѓаните кои ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19

Read more
Што научивме од пандемијата (досега)

Што научивме од пандемијата (досега)

Read more
Што не треба да прават жените над 30 години?

Што не треба да прават жените над 30 години?

Read more
Ова лето ќе се памти, со Савана сите одмори се слатки

Ова лето ќе се памти, со Савана сите одмори се слатки

Read more

Ново

  • play_arrow

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Читај повеќе

Шпанија го укинува карантинот за странски туристи од 1 јули

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Силна бура ја погоди Австралија

Читај повеќе

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Читај повеќе
  • play_arrow

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi подготвува смартфон на преклоп со ротирачки камери?

Читај повеќе

Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Читај повеќе